Освен јапонски цреши и на пешачката зона кај сквер Јадран се исечени уште неколку дрвја. Не се знае дали и тие биле дел од листата болни стебла . Ваквиот потег на градските власти предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.

Објавил: Весна Петровска | 15 ноември, 2019 18:04

Исечени јапонските цреши во Скопје – граѓаните изреволтирани од ваквиот потег

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

„Непотребно се шири хиcтepија. Дрвјата се исушени и зaбoлeни“, вели градоначалникот Петре Шилегов за утрово иceчените јапонски цреши од дрворедот на ул. „Максим Горки“ во центарот на градот

„Дрвјата во состојбата во која што се наоѓаа (некои беа и веќе паднати) претставуваа опасност по безбедноста на минувачите на овој фреквентен потег, како и по безбедноста на имотот на граѓаните. Град Скопје во понеделник на овој потег ќе засади 18 нови јапонски цреши и ќе го обнови овој дрворед што го краси центарот на нашиот град“, мораа да дообјаснуваат од Град Скопје по силните реакции.

Опозицијата обвинува за најмасовна и брутална сеча на дрвја.

– Со овој потег Шилегов и Богдановиќ покажаа дека нивните ставови за заштита на животната средина се лажни и манипулативни, додека ветувањата за разеленување на Градот и општината стана научна фантазија.Истиве ликови докажаа дека не се кадарни и се тотално неспособни да се грижат за оние работи кои што им ги оставиле нивните претходници.

Освен јапонски цреши и на пешачката зона кај сквер Јадран се исечени уште неколку дрвја. Не се знае дали и тие биле дел од листата болни стебла . Ваквиот потег на градските власти предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести