Утринската температура ќе се движи од шест до 15, а дневната од 24 до 31 степен.

Објавил: admin@magazin | 2 октомври, 2019 9:45

ИСКОРИСТЕТЕ ГО ПОСЛЕДНИОТ СОНЧЕВ ДЕН: Од утре дожд, грмежи и засилен ветер во земјава!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во главниот град Скопје денес ќе биде сончево со мала облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 30 степени.

Утринската температура ќе се движи од шест до 15, а дневната од 24 до 31 степен.

Под влијание на влажен бран во четврток и петок ќе настапи наоблачување со врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Пообилни врнежи ќе има во четврток доцна попладне и во текот на ноќта кон петок (локално над 30 л/м2). Ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.