
Забава
Интересно
Аспазија Софијанова од една поинаква страна во емисијата на „Репортер“. Таа во разговорот си ја отвори душата и прзборе за работи кои досега ги нема откриено од својот приватен живот. Таа е мајка на две прекрасни ќерки, но и е срено разведена од својот сопруг.
Аспазија е Влаинка и таа откри дека многу сака да поминува време во својата кујна и сака кога сама си ги меси познатите влашки пити, но откри дека понекогаш знае да размислува цинцарски.
– Види, ако Власите нешто најдобро знаат тоа е како да ги алоцираат парите. Влав ќе штеди за сè, ама за школо и за едукација ќе најде пари. Јас малку сум поинаква, иако и јас знам некогаш да размислувам цинцарски, се шегува професор доктор Софијанова, која го носи името Аспазија по баби ѝ од Крушево.
На 21 година веќе ја имала нејзината поголема ќерка, Марија. Две години подоцна ја добила и втората ќерка, Анастасија.
– Не беше лесно да се студира па дури и да се поништуваат пониските оценки и да се биде мајка, вели докторка Софијанова која е поранешен директор на Детската клиника
Исто така таа изјави дека по разводо со нејзиниот сопруг таа се уште е во добри односи со нејзината свекрва.
– Да ја сум во добри односи со мојата сопруга, јас неа ќе ја почитувам доживотно, бидејќи таа мене многу ми помогна со моите деца, јас тоа не го заборавам, кога мене некој ме почитува и ми пружа добро јас тоа дупло го враќам и го почитувам, истакна таа во разговорот.
Во продолжение можете да го проследите целиот разговор со докторката на Детската Клиника која открива и за политиката, разговара за својот татко Никола Софијанов, кој е педијатар.
БОГАТА БИОГРАФИЈА НА ПОЗНАТАТА ДОКТОРКА НА ДЕТСКАТА КЛИНИКА
Аспазија Софијанова родена во Скопје 1965 година. Основно и средно образование завршила во Скопје, а матурирала во САД. Медицинскиот факултет во Скопје, го завршила во 1990 година со просек 9,37. На ЈЗУ Универзитетска Клиниката за детски болести во Скопје е вработена од 1991 година. Специјализацијата по педијатрија ја започнала во 1993 година, и ја завршила во 19997 година по што е распределена на Одделот за интезивна терапија и лекување. За асистент по предметот педијатрија е избрана 1998 година. По завршувањето на специјализацијата ја продолжува својата едукација на одделот за интензивна терапија при Клиничкиот центар во Љубљана 1999година ,каде учествувала во работата на интензивниот третман кај тешко болни новородени,со посебен осврт на механичката вентилација при лекувањето. Во 1998 и 2000 год учествува на еднонеделните семинари во Салзбург за интензивна терапија и транспорт во ургентни состојби во неонатологија и педијатрија каде предавачи биле професори од Универзитетите во Америка. Во 2000 год добива посебен грант за едномесечен престој во Грац-Австрија на одделот за педијатриска интензивна во Универзитетската клиника, како стипендист на World Bank во 2001година Јануари-Јули, Prince Royal Alfred Hospital in Sydney-Australia, Department of Gynecology and obstetrics and neonatology University ,својата едукација ја продолжува во 2002-2003 година на George Washington University in Washington, DC, USA, Department of Pediatric Intensive Care. Со своето стекнато знаење во престоите реализирани во врвни медицински установи во странство, учествува во стручното унапредување на службата за интезивна нега и терапија преку воведување на соодветни методи за дијагностика и третман на критично новородени и предвремено новородени новороденчиња. Од 2003 година го воведува неонаталниот ургентен транспортен центар кој овозможува транспорт на критично болни деца од целата земја и регионот. Магистерскиот труд под наслов “Евалуација на методи со брз одговор за докажување на инфекции, од областа на неонатологијата и интезивната нега и терапија” го одбранила во 2004 година. Во 2005 година прогласена е за Национален едукатор за континуирана медицинска едукација во областа на перинатологија-неонатологија. Остварува активна стручна соработка во собројни меѓународни педијатриски неонатолошки центри. Активно учествува во практичната едукација, на студентите по медицина стоматологија , фармација. Учествува во студентските испити и колоквиуми по преметотот интезивна нега.Учествува во едукацијата на специјализантите по педијатрија. Предавач на континуирана постдипломска едукација по анестезија и реанимација, втор курс-трет циклус КЕЕА. Активен предавач е на повеќе работилници и секции на педијариското и неонатолошкото здружение Ментор е на научни студенски трудови презентирани на национални и меѓународни конгреси. Во 2011 година е назначена за раководител на Одделот за интезивна терапија и лекување. Докторска дисертација под наслов “Рана детекција на церебралното оштетување-С100Б протеин во биолошките течности нов метод во неонаталната медицина” ја одбранила во 2012 година. Именувана за ВД Директор на ЈЗУ Универзитетска Клиника за детски болести, Скопје во Март 2012година , и ова функција сеуште ја извршува. Во 2012година го положува курсот за здравствен менаџмент на јавни здравствени установи. Член е на комисијата за Имунизација при Министерството за здравство на РМ. Учествува во подготовката на Акциониот план за безбедно мајчинство при Влада на РМ. Член е на второстепената комисија за здравство на Фондот за здравствено осигурување на РМ. Член е на комисијата за изработка и дополнување на закон, изработка на подзаконски акт за Трансплантација на ткива и органи на РМ. Во Декември 2012 година го положи испитот за јавни набавки. Основоположник е на тимот за детска кардиохирургија во јавното здравство, под менторската капа на светскиот познат детски и неонатален кардиохирург Проф.д-р Вилијам Норвик кој со својот тим од анестезиолози, педијатри, перфузионисти, на ЈЗУ Универзитетската клиника за детска хирургија ги извршија првите кардиохирушки интервенции. Промовирана е во звање Примариус Март 2013 година. Научноистражувачка дејност. Д-р. Аспазија Софијанова е активен истражувач со посебен интерес во областа на детската интезивна нега и терапија, и неонатологија. Главен истражувач-Раководител е на национален научно-истражувачки проект “Рано дијагностицирање и психолошки третман на деца со развојни растројства и психолошки компликации при хронични заболувања” финансиран од Министерството за образование и наука 2012 година.Учествува на многубројни национални и меѓународни конгреси со свои усни и постер презентации, а како поканет предавач учествува на повеќе национални и странски стручни собири. Автор е на книгата “S100B protein as a new method for early detection of cerebral damage“ ISBN 978-3-659-39013-5 издадена од страна на LAP LAMBERT Academic Publishing 2013. Автор е на поглавјето Pediatric cardiomiopathies” во CARDIOMYOPATHY ISBN 980-953-307-884-2 издадена од страна на In Tech 2013. Член е на здружението на педијатрите и неонатолозите на Р.Македонија. Автор и ко-автор е на 55 научни трудови објавени во Зборник на абстракти на национални конгреси, национални конгреси со меѓународно учество и меѓународни конгреси и часописи.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.