Одличен на голот на Македонија беше и најдобриот Борко Ристовски со 13 одбрани, а најефикасен и најбрз во нападот беше капитенот Кире Лазаров со 8 погодоци.

Објавил: Сара Фемина | 14 април, 2019 21:53

Исланд едвај извлече жива глава од Македонските ракометари- Македонија е на пат кон ЕП 2020 !

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Машката ракометна репрезентација на Македонија е пред пласман на Европското првенство 2020 година, седмо во нејзината историја, откако ремизираше 24:24 (12:13) против Исланд во вториот меѓусебен меч во квалификациите за ЕУРО 2020.

Вечерашниот ракометен натпревар помеѓу Македонските ракометари и Исланд на полувремето заврши со 10:11.
Вечерва Исланд ја имаше и предноста на стартот на натпреварот, па по рамноправните, 2:2, проблемите во организацијата на нападот беа доволни за преку Јонсон и Палмарсон да дојде до водство од 2:4 и таков исти ритам држеше до средината на полувремето.

Во игра гол за гол, Исланд на три минути пред крајот дојде и до предност од 22-23, за да со извонредните погодоци на Кире Лазаров и Дејан Манасков на 150 секунди до финишот повторно Македонија води со 24-23. Сепак, Исланд со гол на пет секунди пред крајот дојде до посакуваното реми.

Откако Магнусон беше прецизен во мрежата за 7:5, следуваше една серија од 3-0 за Македонија, Талески и Ристовски беа стрелците, а перфектната одбрана само ја комплетираше целата слика.

Одличен на голот на Македонија беше и најдобриот Борко Ристовски со 13 одбрани, а најефикасен и најбрз во нападот беше капитенот Кире Лазаров со 8 погодоци.

По четири гола на вечерашниот натпревар постигнаа Дејан Манасков и Филип Талески. Кај Исланѓаните најдобар беше Магнусон со осум гола. По четири одиграни кола Македонија е на врвот од табелата со 5 бода, колку што има и самиот Исланд.

На третото место е Турција со 4 бода, а додека пак Грците се последни со два бода. Првопласираните две репрезентации од  оваа група обезбедуваат учество на Европското првенство 2020.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Ракомет

Вардарци успеаа во целта и го совладаат Пик Сегед со 31-23 и го трасираа патот кон третото учество на Ф4-турнирот во Келн.

Вардаровото срце не издржа – јунаците славеа и пуштија солзи на разделбата со Скопје!

Македонскиот ракометен првак Вардар вечерва го покажа македонскиот непокор. Со срце...

Со резултат 31:23 вечерва Вардар ги совлада Унгарците и со оваа фантастична победа Вардар е на чекор до уште еден Ф4 турнир кој ќе се заигра во Келн, Германија.

ВАРДАР ГО ОСТАВИ СРЦЕТО НА ТЕРЕН ЗА МАКЕДОНИЈА- Сегед срушен од македонските шампиони !

Вардарци го совладаа Пик Сегед со 31-23 и зедоа учество на Ф4-турнирот во Келн. Вечерва...

Тој рече дека на исходот од овој меч не гледа како на реми, туку како на освоени три бода на двата дуели против квалитетниот противник.

Македонските ракометари во борба против Грција и Турција за Европско првенство!

Македонската машка ракометна репрезентација оди на завршниот турнир на Европското...