Армијата на Република Македонија денеска испрати контингент од 44 македонски војници во мисијата КФОР на Косово, соопшти министерката за одбрана Радмила Шекеринска!
„Покажавме кои се нашите квалитети на многу далечни места. Одсега ќе го покажеме нашето вистинско место и во регионот. Членството во НАТО значи безбедност и стабилност за нас, значи сигурност под колективниот чадор на Алијансата“, рече Шекеринска.
На свеченоста по повод изпраќањето на првата ротација на македонската Армија, учествуваа претседателот на државата Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев.
Го испраќаме првиот контингент на Армијата на Република Македонија во мисијата КФОР на Косово. Оваа мисија има посебно значење бидејќи нашата Армија за првпат директно учествува во мисија како земја-членка на најмоќниот воено-безбедносен сојуз на светот – НАТO
Како и до сега, така и понатаму, Македонија и нејзината Армија свечено ја преземаат обврската во континуитет да го даваме нашиот придонес во безбедносни предизвици што стојат пред НАТО.
На офицерите и војниците им посакав успешно извршување на нивните задачи со нашите сојузници. Убеден сум дека ќе ја продолжат традицијата на успешност на сите наши досегашни мисии, рече премиерот!
Контингентот составен од 44 војници, кои ќе работат како штабни офицери во главната команда во Приштина, ќе ја обезбедува регионалната команда на КФОР Запад, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.