Истанбул е најголема метропола во светот покажуваат последните податоци објавени од турскиот завод за статистика и Фондот за население на ОН.
Во Истанбул живеат дури 15 милиони и 670.724 луѓе, а гледано според овие бројки дури 18,4 проценти од населението на Турција, кое моментално изнесува 82 милиони, живее во најголемата метропола во земјата.
Интересно е тоа што во последните пет години населението во Истанбул се зголемило за околу еден милион луѓе.
Истанбул е велеград, како и голем финансиски и културен центар во Турција и светот. Градот се наоѓа во истоимената покраина и е распослан по должина на Босфорот, на границата помеѓу заливот Златен Роги Мраморно Море, во северозападниот дел на земјата. Истанбул е единствената метропола во светот која се наоѓа на два континента: европски (Тракија) и азиски односно Анадолија.
Во својата долга историја, овој град служел како главен град на Римска Империја. Во 2010 година Истанбул беше избран за Европска престолнина на културата. Историските области на Истанбул се вклучени во Списокот на светско културно и природно наследство на УНЕСКО во 1985 година.
Урбаниот пејзаж на Истанбул е обликуван од големиот број на религиозни заедници. Исламот е најголема религија во градот. Освен исламската зедница, во градот опстојуваат и Православните христијани, Ерменските христијани, мал број на Евреи и Католици. Според пописот од 2000 година, во градот има 2691 активни џамии, 123 активни цркви и 26 активни синагоги, како и 109 муслимански гробишта и 57 немуслимански гробишта.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.