Истанбул се подготвува да остане без вода за 45 дена откако Турција падна во најсувиот период во претходната деценија.
Урбаниот развој е виновен за сушењето на брани во градот со 17 милиони жители и многу други метрополи во Турција, објави „Дејли меил“.
Нивото на водата во браната Омерли, главниот извор на вода во градот, е најниско во последните 15 години, со полн капацитет од 19,79 проценти поради недостаток на дожд и покрај зимската сезона.
Градот зазема околу 20% од турскиот индустриски труд и придонесува за 38% од вкупниот процент на работнас сила. Истанбул и околината се познати по производство на памук, овошје, маслиново масло, свила, и тутун.
Преработка на храна, производство на текстилни производи, нафтени деривати, гума, метал, кожа, хемикалии, фармацевтската индустрија, електроника, стакло, машини, автомобили, превозни средства, хартија и производи од хартија, и алкохолни пијалаци се меѓу главните индустриски производи.
Според списание Форбс, во Истанбул живеат вкупно 35 милијардери, според податоци од март 2008година, и според оваа категорија, градот се наоѓа на четвртото место во светот.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.