Спорт
Ракомет
Вардар со неверојатна игра во второто полувреме ја победи Барселона, македонскиот тим се врати од седум голови негатива и утре во финалето со Веспрем ќе се бори за шампионската титула.
Македонскиот ракометен шампион, Вардар повторно ќе игра во финале од Лигата на шампионите, и повторно преку непобедливата Барселона! За вечерашниот натпревар никој не се надеваше дека македонскиот тим ќе може да направи чудо, но ете се случи.
Првото полувреме наговестуваше губење за Вардар и покрај феноменалната парија на Милосављев.

На паузата заминавме со негатива од седум голови разлика. Но работите почнаа да се менуваат во вториот дел, негативата на Барселона се топеше, а полека се враќаше надежта дека може да се направи поголема снезација.
РК „Вардар“ има богато учество на меѓународните ракометни натпреварувања.
На европската ракометна сцена, „Вардар“ дебитирал во сезоната 1993/1994, во натпреварите од Купот на ЕХФ. Притоа, „Вардар“ трипати играл во полуфиналето на КПК (1998/1999, 2004/2005 и 2010/2011), а во сезоната 2006/2007 играл во четврт-финалето на ова натпреварување. Исто така, во сезоната 2005/2006, „Вардар“ играл во чеврт-финалето на Челинџ-купот.
Во своето прво европско полуфинале во сезоната 1998/1999, „Вардар“ загубил од „Адемар Леон“ (27:29, 20:35); во второто полуфинале во КПК (2004/2005) загубил од РК „Загреб“ (23:21, 26:34), а во третиот обид (2010/2011) бил поразен од „Гумерсбах“ (21:33, 29:38).
Во рангирањето на ЕХФ, „Вардар“ двапати бил меѓу 14. најдобри екипи во Европа. Исто така, „Вардар“ е првата македонска екипа што настапувала во Лигата на шампионите, како и првиот победник во Регионалната лига „СЕХА“.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Ракомет
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.