Здравство

Објавил: Калина Мартинска | 19 ноември, 2024 14:37

Историски договор: Вработените во здравството ќе добијат покачување до 50% во следните четири години

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Владата почна да ги исполнува ветувањата за ставање на јавното здравство на здрави нозе.

Првиот чекор е напаравен кон луѓето, кои се грижат за здравјето на граѓаните.Здравствените работници ќе добијат ноемвриска плата, повисока за за 10 проценти, или прикажано во денари,  нето платата ќе биде зголемена за 2.450 до 3.650 денари. Премиерот Мицкоски по средбата со здравствените синдикати, најави, дека ова покачување е само почеток, а растот на платите во здравството ќе се се одвива континуирано во следните четири години. Според планираното до 2028 година докторите, медицинските сестри, болничарите и техничкиот персонал ќе земаат до 50 проценти повисоки плати.

„Следната 2026 од 5 до 7 проценти, во зависност од тоа во каква состојба и кондиција ќе биде Буџетот, се надеваме дека ќе биде навистина во здрава кондиција и работиме на тоа, зошто да не одиме на горната граница. Истото тоа зголемување од 5 до 7 проценти ќе биде и во 2027, а од 7 до 10 проценти ќе биде во 2028 Кога ќе го земете целиот овој период во низа, добиваме зголемување на паричната маса потребна за да се исплатат платите на здравствените работници за целиот период, помеѓу 45 и 50 проценти“, рече премиерот.

За синдикалците ова покачување на платите е историск и  ќе биде силна мотивација за сите кои работат во здравствениот сектор, но и прв чекор за подобрување на здравствената грижа на пациентите.

“Се работи конкретно за корекција на коефициентот 0.233 кој во превод значи повисока бруто плата за сите вработени од 3.650 денари или 2.450 денари во нето износ. Уште подобра придобивка во делот на овој анекс е корекција на платите од 0.364 за медицинските сестри со средно образование и останатиот средно медицинскиот кадар кој го превод значи 5.700 денари во бруто или 3.850 денари во нето” истакна Љубиша Каранфиловски, претседател на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита.

“Сите овие покачувања се резултат на напорната работа на двата репрезентативни синдикати и заедно со Владата претставуваат одговор на барањата за подобри услови за работа и мотивација за уште поголема посветеност на нашиот секојдневен труд” – рече Предраг Серафимовски, претседател на Самостојниот синдикат на Клинички центар – Скопје.

Задоволство од покачувањата на платите изразија и од Независниот синдикат за здравство.

“Владата беше доблесна, ги сослуша нашите маки и сака да ги среди работите. Наредните четири години ќе дојде до покачувања до 50 насто на платите за сите вработени, од административно-техничкиот до медицинскиот персонал“, рече Боби Бојчевски,претседател на Независниот синдикат на здравствени работници.

Единствени незадоволни од покачувањето на платите во здравството се СДСМ, кои тврдат дека во нивото седум годишно владеење платите во јавното здравство се зголемиле за 100 проценти.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.