Неофицијално, станува збор за осомничената Јасна Мандиќ, која, заедно со Миле Јовановски, се сопственици на телевизијата „1ТВ“. Првоосомничен е Боки 13, кој е во притвор од 15 јули за случајот „Рекет“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 октомври, 2019 16:02

Истрагата за Рекет се проширува на уште четири лица-осомничен и таткото на Боки 13, се бара притвор за Мандиќ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Покрај пратеничката Фросина Ташевска Ременски, осомничени во новата истрага на Обвинителството за организиран криминал и корупција се и Јасна Мандиќ, заменик-претседател на Меѓународниот сојуз, и Миле Јовановски, таткото на Боки 13, како и асистентката на Мандиќ, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од извори од обвинителството.

Неофицијално, станува збор за осомничената Јасна Мандиќ, која, заедно со Миле Јовановски, се сопственици на телевизијата „1ТВ“. Првоосомничен е Боки 13, кој е во притвор од 15 јули за случајот „Рекет“.

И таткото на Боки 13 осомничен за случајот Рекет. Денеска државниот обвинител објави дека и пратеничката Фросина Ременски е осомничена во случајот Рекет, а осомничена во новата истрага на Обвинителството за организиран криминал и корупција е и Јасна Мандиќ, заменик-претседател на Меѓународниот сојуз

Истрагата отворена денеска е во делот на измамите со наводна изградба на старечки домови од страна на Меѓународниот сојуз на Боки 13. Измамени се бизнисмените Силјан Мицевски и Ардијан Амзоски, кои му платиле 719.905 евра и 233.821 евра на Боки 13. Двајцата веќе беа на распит кај Вилма Русковска, шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, дознава СДК.

Од Обвинителството информираа дека се работи за пет осомничени лица.

Државниот обвинител Љубомир Јовески откри дека обвинителството отвори нов случај поврзан со Меѓународниот сојуз на Боки 13, а постапка се води и против едно правно лице.

Според Јовески, се гонат за кривични дела перење пари, измама и помагање.

Од обвинителството за гонење организиран криминал и корупција велат дека еден од осомничените е во притвор, за едно лице се бара притвор, а за три мерки на претпазливост.

Боки13 вчера беше во Обвинителството но не даде исказ зошто го изнеасоа со носилки од Брзата помош.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Тој нагласи дека според сознанијата во предлогот се предвидува поглавјата да бидат групирани во кластери, по неколку слични поглавја во еден кластер.

Османи: Охрабрувачки се зборовите на Вархеји за новата методологија на ЕУ

По посетата на еврокомесарот Оливер Вархеји во Македонија, вицепремиерот за евроинтеграции...

Имено тој во аудио снимката која КУРИР вчера ја пренесе во целост Заев уште во 2014 година подготвувал продажба на името, а во еден момент тој за името на државата Македонија зборува „Ебаму името, еба му“.

Аналитичарите по скандалозната изјава на Заев: Тој нема чувство за најсвоето, најсветлото и најсветото – името Република Македонија

Јавноста втор ден е згрозена од скандалозната изјава на Зоран Заев со која само се...

Генералниот секретар на Алијансата за Албанците, Д-р Арбен Таравари беше едногласно избран од членовите на централното претседателство.

Таравари избран за шеф на изборниот штаб на Алијансата за Албанците

Алијансата за Албанците го избра градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари...

Тие напишаа дека Зоран Заев ја депонирал својата оставка, отварајќи го патот да биде именуван нов кабинет за да организира предвремени избори.

Вашингтон пост: Заев поднесе оставка без образоложение, разочаран и разбеснет од ЕУ

Американскиот „Вашингтон пост“ отстапи место и за поранешниот премиер Зоран Заев...