Доколку батеријата не ви трае долго време, а сакате да остане во добра состојба, мора да водите сметка за неколку работи.

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 мај, 2019 19:24

Истражувачите откриваат како правилно да го полниме телефонот за да не се расипе

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Секој од нас сака телефонот да му биде при рака дури и кога е на полнење, но според најновите истражувања на компанијата Кадекс, која е број еден производител на батерии за мобилни телефони, сопствениците му прават “стрес” на телефонот за време на полнењето.

Доколку батеријата не ви трае долго време, а сакате да остане во добра состојба, мора да водите сметка за неколку работи.

Не дозволувајте мобилниот телефон да се полни во текот на ноќта бидејќи така е под висок напон..

Според истражувањата на Кадекс, полнењето на батериите во текот на ноќта, што многумина практикуваат, е лоша работа. Кога батеријата ќе се наполни 100 отсто, а и понатаму е вклучена на полнач, таа е под „висок стрес“ велат од компанијата и советуваат да не ги полните телефоните во текот на ноќта.

Според нив таквото полнење е штетно за литиум-јонските батерии, а сите се сведуваат на едноставниот совет: „Кога мобилниот е во целост наполнет, од својот уред извадете го мобилниот. Тоа е како опуштање на мускулите после напорно вежбање“.

Исто така истражувачите тврдат дека најдобро е батеријата да не ја полните до крај, односно да не ја полните 100 %. Советуваат тоа да го правите само кога морате, бидејќи кога батеријата е полна во целост, а уште е приклучена на полнач, тогаш е под висок напон.

Бесплатен совет од истражувачите на Кадекс: Приклучете го вашиот мобилен телефон да се наполни кога можете, затоа што бројни истражувања покажале дека така животниот век на батериите ќе е подолг. Добијте навика постепено телефонот да го ставате на полнач, а не само кога батеријата целосно ќе се испразни.

Од компанијата предупредуваат дека при полнење се создава топлина, а топлината ја оштетува батеријата. Исто така, при полнење важно е да се отстрани заштитната маска, за да се ослободува топлината.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Технологија

За превоз на органот беше дизајниран посебен дрон, кој е во состојба да го одржува органот за трансплантација, а исто така и да го надгледува.

СВЕТСКО ЧУДО: За прв пат во историјата ДРОН достави бубрег за транспантација- Со падобран одлета 5 километри!

За прв пат во историјата, на хирурзите во американска болница им беше доставен бубрег...

Авионот има крила од 117 метри, а денеска успешно го заврши својот прв лет. Авионот летал 2 часа над калифорниската пустина Мохава.

Погледнете го првиот лет на авионот со најголеми крила во светот!(видео)

Авионот со најголеми крила на светот успешно го заврши својот прв лет, соопшти Американската...