Мегаломанската афера “ТИФАНИ“ и продажбата на тогаш воздух на УЈП, каде Палевски дебело се омрси, резултираше со Кривични, каде Костов го спасува Палевски од затвор

Објавил: Македонка Димкин | 25 октомври, 2018 12:07

Истурениот играч на Верушевски и Камчев, повторно со рафал кон Мицко”В”ски

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин.мк

На Македонската политичка сцена, повеќе од 15 месеци, се обидува да формира партија токму некогашниот висок функционер на СДСМ, Љупчо Палевски.

Имено наидовме на статус кој можеби нема тежина, но отвора низа прашања за тоа кој е всушност несудениот лидер на сеуште неформираната партија “ТРЕТА”.

Цитат на читател : Мегаломанската афера “ТИФАНИ“ и продажбата на тогаш воздух на УЈП, каде Палевски дебело се омрси, резултираше со Кривични Пријави, каде Костов (Хари Костов – премиер на СДСМ и директор на Комерцијална Банка) го спасува Палевски од ЗАТВОР, таа е вистината за Палевски – кодошот.

Цитат на друг читател: Една – две години подоцна, слична акција. За среќа, со помали финансиски последици. Но, за жал, поголеми за неколкумина граѓани, бидејќи им се уриваа становите во кои тие веќе живееја. Се уриваше дел од изградена и вселена зграда во Дебар маало. Повторно рушеше, Балковски, но овој пат од позиција на министер за урбанизам.

Градежните машини беа насочени кон последниот кат на зградата на улицата „Пиринска“, а набрзо и кон објектот во изградба на улицата „Железничка“. И двата објекта беа на еден инвеститор, ги градеше фирмата „УПА Ентерпрајз“, сопственост на Љупчо Палевски – Палчо, кој во тоа време беше член на опозициската СДСМ, претседател на Градската организација и газда на неделникот „Старт“.

Така, државата удирајќи по газда Палчо, уште еднаш ги истепа невините граѓани на кои становите им ги претвори во урнатини. Подоцна Палевски го доби спорот со Владата, Врховниот суд донесе две конечни пресуди во полза на УПА, по што Палевски ја тужеше државата за пречекорување и злоупотреба на своите надлежности и бараше да му се исплати надомест за направена штета во висина од девет милиони германски марки. Не доби толку, но сепак, беше пресудено да му се исплатат 1,5 милиони евра.

И повторно цехот го платија обичните граѓани.

Денес Палевски кој важи за најблизок куќен пријател со Верушевски, човекот кој два пати на големо ја прислушкувал пола Македонија и кој беше екпресно ослободен кога Зоран Заев дојде на власт, во основа и само преку ФБ тера невидена хајка против челниците на ВМРО -ДПМНЕ. 

Во продолжение неговиот текст во целост, секако мораме да коригираме дека се пишува Мицкоски а не Мицковски.

Предавниците кои беа набркани, од ДПМНЕ заслужија многу повеќе, од добиеното, но да се подсетиме на еден ситен детал објавен на странава на “ТРЕТА” од 28 Август 2017 година.

Имено, Коце Трајановски кој во овој момент е член на Извршен Комитет како Митко Јанчев, на 5 Септеври месец дена пред локалните избори, на криминален начин, без тендер, со непосредна спогодба префрлил 500.000 евра за некаков надзор на фирма сопственост на Италијански правен субјект во која е директор Димитар Бузлевски од СДС.

Истата таа фирма е вештак на сите предмети во СЈО иако нема лиценца и овластување за истото. Од СЈО истата година , но и оваа добива милионски износи за вештачења кои судот без никаков основ ги прифаќа. На истава #ЕосКонсалтинг доо Никола Тодооров како министер и платил износ од 300.000 евра, Тони градоначалникот на Газибаба 200.000 евра … списокот е подолг.

Се поставува прашањето, зошто и како, Митко Јанчев е издајник а Коце Трајановски не е, двајцата се членови на истиот Извршен со истиот лидер Христијан Мицковски.

Токму затоа, Христијан Мицковски треба да каже, во врска со договорот од НИВИЦИ, остај, капитулантски, ваков таков договор, ДАЛИ ГОСПОДИНЕ МИЦКОВСКИ еднострано ќе го раскинете договорот кога ќе дојдете на власт, ако дојдете, а ќе заборавев и ако ти бидеш лидерот што ќе одлучува.

Прашањево е КРУЦИЈАЛНО, доста лигавење и забаљате членство, со врескава клиентела која вие ја сметата за функционери.

ТРЕТА

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести