
Забава
Интересно
Исчезна 36- годишниот турчин Алсин Левент кој предизвика страотна сообраќајка во која загина кралот на фолк музиката Шабан Шаулиќ.
Левент кој е единствениот осомничен за сообраќајката се уште чека судење но денеска српските медиумипренесоа дека исчезнал од градот Гитерслоа.

Нема информации каде се наоѓа осомничениот и зошто досега не е почнат судскиот процес.
Наспроти ова сопругата на покојниот Шабан Шаулиќ, Гоца тврди дека судот во Германија знае каде се наоѓа Алсин Левент осомничен за предизвикување на сообраќајната несреќа во која животот го загуби нејзиниот сопруг.
-Верувам во правдата на правосудниот систем во Германија. Правосудните органи добро знаат каде се наоѓа тој, вели Шаулиќ.
Сопругата на Шабан вели дека верува и се надева на брзо започнување на судењето.
-Во контакт сме со судот и имаме информација дека судењето ќе започне наскоро. Секако тој требаше одамна да започне, но важно е што тоа ќе се случи сега. Очекувам да добие максимална казна според тамошните закони, вели Гордана за српски „Информер“.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.