Според информациите на МВР, Вчера во 16:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. Цветан Димов патничко возило управувано од А.К. удрило во 28-годишниот А.Г. од Скопје, а потоа А.К. и физички го нападнал А.Г.

Објавил: Весна Петровска | 12 октомври, 2019 18:59

Исчезнувања, пожари и тепачки – МВР со полни раце работа

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Тепачки, пожари, и исчезнувања ова беа денеска настаните од дневниот билтен на МВР, полицијата вчера со полни раце работа.

Според информациите на МВР, Вчера во 16:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. Цветан Димов патничко возило управувано од А.К. удрило во 28-годишниот А.Г. од Скопје, а потоа А.К. и физички го нападнал А.Г.

Како што информира МВР, двајцата од претходно се познавале и имале претходни недоразбирања. Кај А.Г. од лекар биле констатирани телесни повреди. Полицијата работи на расчистување на случајот.

Македонската полиција со полни раце работа

– Тепачка мѓу две лица настанала во близина на граничниот премин „Блаце“, информира МВР.

„Вчера во17:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на терминал на Граничен премин „Блаце, по претходна расправија, дошло до физичка пресметка помеѓу 60-годишниот М.П. од Виница и 38-годишниот Ј.Х. од село Глумово. Сочинети се записници за констатиран прекршок по чл.11 од ЗППЈРМ“, соопштуваат о полиијата.

– Момче било уапсено во Скопје поради напад на полицаец, информира МВР.

„Вчера во 23:30 часот во СВР Скопје бил лишен од слобода 23-годишниот С.О. од Скопје бидејќи пред угостителски објект на ул.„Битпазарска“ физички нападнал полициски службеник“, соопштуваат од МВР.

Жена се здобила со изгорении при пожар во стан во Охрид, информира МВР.

„Вчера во 16:00 часот, во стан на булевар „Туристичка“ во Охрид, поради неисправна плинска боца, настанал пожар, во кој, 71-годишната К.С. од Охрид се здобила со изгореници на десната рака.Пожарот, предизвикал оштетување и на соседниот стан, сопственост на С.П. од Охрид. Интервенирала Територијалната противпожарна единица која го изгасила пожарот“, соопштуваат од МВР.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Од 2001 година има работено кај тогашниот претседател на државата Бранко Црвенковски, во одделот за странски делегации, потоа кај актуелниот министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Полициски началници му возвраќаат на директорот на БЈБ: Бараат извинување од Тасевски!

Мешањето на политиката во работењето на Министерството за внатрешни работи во време...

И покрај строгото почитување на мерките и минималните контакти со луѓе, сакам да ве информирам дека јас заедно со сопругата и мојата три месечна ќерка сме позитивни на тестирањето за КОВИД 19.

Мухамед Зекири позитивен на КОВИД-19

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, ја информираше јавноста дека е позитивен...