Потресно сведоштво на фудбалскиот голман Давиде Капело како ја преживеал несреќата во Џенова

Објавил: Мирко Бачиќ | 15 август, 2018 6:50

Италијанскиот голман бил на мостот за време на трагедијата: “Паѓав 30 метри и чудо е што сум жив”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Најмалку 35 жртви однесе трагедијата во Италија поточно во Џенова каде се сруши мост.

Меѓу нив можеше да биде и поранешниот голман на Каљари 33 годишниот Давиде Капело кој за среќа се спаси бидејќи бил на мостот кога се сруши.

Како што вели тој тоа што се случи го преживеал уште потешко.

“Автомобилот ми паѓаше 30 метри! Чудо е што сум жив.” – вели тој.

Одев кон Џенова и бев на мостот. Слушнав бука а потоа се се сруши. Мојот автомобил падна 30 метри и запре. Луѓето ми помогнаа да излезам. 

“Често го минував тој мост кој е еден од најпрометните во државата. Ја видов улицата како се руши пред мене и бев во шок. Не сфаќам како успеав да поминам без гребнатинка.” – кажува Капело.

Според информациите како причина за оваа трагедија се наведува дождот а можеби и удар од гром.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.