Иако Шведска има помалку луѓе заразени со вирусот „ковид-19“ отколку земји со поголемо население, како што се Германија и Италија, стапката на смртност во таа земја по глава на жител е меѓу највисоките во светот.

Објавил: Перо Милчин | 20 мај, 2020 19:34

Италијанските медиуми тврдат дека шведскиот модел е катастрофа: По број на починати се први во Европа (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Шведскиот модел за справување со вирусот корона не работи, бидејќи таа земја има најголем број смртни случаи во однос на бројот на жители, пренесува денес италијанскиот весник „Кориере дела Сера“.

Според весникот, ова го покажуваат вчерашната статистика од страницата ourworldindata.org. Во Шведска, во текот на изминатата недела се регистрирани во просек 6,25 смртни случаи од вирусот „ковид-19“ на милиони жители.

Во исто време, во Велика Британија, која има најголем број жртви на коронавирус во Европа – повеќе од 35.000, имало 5,75 смртни случаи од ефектите на вирусот на милион жители, во Белгија 4,6, во Франција 3,49 и во Италија во просек тројца на милиони жители во текот на изминатата недела.

Иако Шведска има помалку луѓе заразени со вирусот „ковид-19“ отколку земји со поголемо население, како што се Германија и Италија, стапката на смртност во таа земја по глава на жител е меѓу највисоките во светот.

Кориере дела сера потсетува дека шведската влада одлучи да не наметне блокада како што направија многу европски држави во борбата против коронавирусот, но се потпираше на индивидуалната одговорност на луѓето, барајќи од нив да останат дома доколку се болни.

Повеќето компании во Шведска не престанаа да работат заради павидемија на вирусот „ковид-19“, додава весникот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Иницијатор за поднесување на барањето е д-р Алемпијевиќ, професор по судска медицина на Медицинскиот факултет во Белград, а него го поддржаа уште шест колеги и еден лекар во пензија.

НЕСТОРОВИЌ ОСТАНУВА БЕЗ ДОКТОРСКА ЛИЦЕНЦА: Ќе поднесам тужба!

Против проф. Д-р Бранимир Несторовиќ, член на Кризниот штаб за борба против коронавирусот,...

Според АП, тој оценил дека „во американската историја е без преседан толку мал број на корпорации кои контролираат толку голема сфера на човековите интеракции“.

ТРАМП ПОТПИША УРЕДБА ЗА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Имаа неконтролирана моќ да цензурираат, ограничуваат, креираат и кријат!

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша указ со кој се ограничува заштитата...