Според него, чудно е што Италија бележи релативно мал број заразени лица, додека ситуацијата во сите соседни земји е различна и бројот на инфицирани расте.

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 јули, 2020 10:44

Италијански професор: Со нов бран на вирусот може да се соочиме уште во август!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Професорот Андреа Крисанти, микробиолог на Универзитетот во Падова, предупредува дека Италија, земјата која беше најпогодена од коронавирусот, би можела да се соочи со нов бран на пандемијата Ковид-19 уште во август.Според него вториот бран може да се случи многу порано, отколку најавеното во септември или октомври.

Поради професорот Крисанти, северниот регион на Италија, забележа релативно мал број заразени и мртви од Ковид-19, во споредба со соседните провинции. Тој е автор на успешниот модел за ограничување на ширењето на коронавирусот, т.н. „модел Венето“, кој се состоеше од масовно тестирање на граѓаните.

Во првиот круг на тестирање, спроведен врз целокупното население во градот кон крајот на февруари, било утврдено дека три проценти од населението се заразени, иако половина од преносителите немале никакви симптоми.

Според него, чудно е што Италија бележи релативно мал број заразени лица, додека ситуацијата во сите соседни земји е различна и бројот на инфицирани расте.

„Не би сакал да ширам песимизам, но имам некои дилеми. Можеби сме најдобри, но исто така е можно дека не тестираме како што треба”, предупредува професорот.

Како и претходно, и сега тој советува масовно тестирање на населението како превенција од втор бран на заразата.

По советот на професорот Андреа Крисанти со тестирање и ретестирање на сите 3.300 жители на градот Во, во близина на Венеција, без оглед на тоа дали покажувале симптоми, но и со ригорозен карантин на луѓето со кои тие контактирале кога ќе се потврдела инфекција, здравствените власти успеале целосно да го запрат ширењето на болеста таму.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.