Италијански La Verita објави видео и аудио кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите !

Објавил: Узунов Бобан | 8 август, 2019 8:50

Италијански La Verita го објави видеото и аудио снимка како Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите !

Фото/Текст извор: ©магазин

Италијанските медиуми објавија видео од моментот кога Бојан Јовановски и Зоран Милески Кичеец со полна торба пари излегуваат од домот на бизнисменот Орце Камчев. Италијанскиот весник La Verità утрово го објави видеото на кое јасно се гледа броењето на парите, како и излегувањето на Боки 13 и Зоки Кичеец од кај Орце Камчев. Притоа е пуштен и дел од разговорот меѓу Орце Камчев и Бoки 13, на кое Боки му објаснува на Камчев дека понеделник, најдоцна вторник ќе биде ослободен.

Бојан 13: Во понеделник ќе ве ослободат
Орце: Добро
Бојан 13: Вторник најкасно веројатно.Врховен ќе ве ослободи.
Орце: Врховен, не може да дојде до врховен до понеделник
Боки 13: Да, тогаш ќе дојде. Нема да употреби СЈО вонредни правни лекови, нема ништо да употреби
Орце: А Апелација?!
Боки 13: Па Апелација ќе ве одбие. Вие се жалите во Апелација, да бидете спремни. Врховен се жалите, како втор спремен. Начелното правно лице и советот се повикува автоматски. Нема да употреби Катица никакви вонредни правни лекови да го прудужува, да го удолговлекува, понеделник вторник вие сте на слобода

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Две лица се уапсени во Албанија под обвинение дека во главниот град Тирана, вчера киднапирале 23-годишен македонски државјанин.

Млад Македонец киднапиран во Тирана – киднаперите барале 250.000 евра, познат идентитетот на заложникот

Македонската јавноста остана во шок по веста за киднапирањеето на Македонецот Давор...

Да кажеме дека и мислењето е почитувано, а и граѓаните во оваа држава, без разлика дали се Македонци, Албанци или сите други, се позадоволни“, рече Шекеринска.

ШЕЌЕРИНСКА: Венецијанската комисија има полиберален став, ќе го разгледаме предлогот

Заменик – претседателот на СДСМ, Радмила Шекеринска, на денешната прес конференција...

Бујар Османи не може да се помири со фактот дека ниванта желба за Албанизирање на Македонија е спречена барем во моментов

Дали Бујар Османи најавува војна во Македонија како онаа во 2001?

Бујар Османи не може да се помири со фактот дека нивната желба за Албанизирање на Македонија...

„Прв пат ги слушам. Не беа на хард дисковите што ни беа доставени. Обвинителството ќе ги истражува снимките, но и тоа кој ги објавил на Јутјуб“, рече Рускоска.

РУСКОСКА: Прв пат ги слушам снимките – Обвинителството ќе ги истражува и тоа кој ги објавил на Јутјуб

На јутјуб вчера се појавија снимки на кои се слуша како глас кој наликува на познатиот...