Макрон имаше закажано балканска турнеја минатата година, но истата беше откажана. Наместо тоа, тој ја посети само Србија летово, откако во Париз беше откажан самитот за преговорите меѓу Србија и Косово.

Објавил: Валерија Петрова | 21 октомври, 2019 17:32

Италија ќе го враќа датумот за преговори на маса во ноември во Рим

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Италија ќе го враќа прашањето за преговорите за членство на Македонија и Албанија на маса во ноември на советот за општи работи (ГАК) кој ќе се одржи на 19-ти ноември. Од Владата за Телма потврдија дека и премиерот Заев е поканет во Рим.

Францускиот претседател Емануел Макрон во петокот одби да даде зелено светло на Македонија да започне разговори за пристапување во Европската унија и предводеше група водачи кои блокираа отворање разговори и со Албанија, и покрај загриженоста за кинеското и руското влијание на Балканот.

Во меѓувреме, францускиот претседател Eмануел Mакрон се очекува да ги посети Aлбанија и Северна Македонија наредниве месеци, пишува албанскиот портал Егзит, повикувајќи се на дипломатски извори во Тирана. Точниот датум се ште не е одреден, но со својата посета, се чини дека Макрон има за цел да им докаже на Албанија и Македонија дека европската перспектива за двете земји е отворена и Франција ќе помогне во остварување на нивната цел, анализира порталот.

Дипломатски извор потврдил дека како знак на поддршката на Франција за Албанија, Макрон ја основал во Тирана канцеларијата на француската агенција за развој, која ќе спроведе француска помош за развојни проекти во Албанија. Овој чекор веројатно ќе означи зголемување на француската помош, која досега не беше важен донатор на Албанија.

Макрон имаше закажано балканска турнеја минатата година, но истата беше откажана. Наместо тоа, тој ја посети само Србија летово, откако во Париз беше откажан самитот за преговорите меѓу Србија и Косово.

За потсетување, во петокот францускиот претседател Емануел Макрон не попушти и не даде зелено светло за Македонија и Албанија за датум за преговори со Европската унија.

Македонија, Албанија и четири други балкански земји – Босна, Косово, Црна Гора и Србија – се обидуваат да се приклучат на политичката и трговската група од 28 држави, по етничките вojни од 90-тите години, што доведе до pacпаѓање на Југославија.

Но, иако земјите членки сметаат дека нивното евентуално членство е неизбежно, дебатата за започнување на долгогодишниот процес на пристапување стана емотивна на самитот на ЕУ во Брисел и траеше во раните утрински часови во петокот, рече дипломат на ЕУ.

Макрон рече дека кандидатурите за членство на Албанија и Северна Македонија не можат да напредуваат сè додека ЕУ не смени како и кога кандидатите ќе бидат проверени за исполнување на целите за пристапување кои се движат од економската политика до човековите права и владеењето на правото.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Како што информира градоначалникот Петре Шилегов пролетта 2017 година е констатирано заболување на овој дрворед, но покрај сите обиди што ги направиле, дрворедот морал да се отстрани.

ШИЛЕГОВ ГРЕШКАТА ЈА ПОПРАВА: Нови јапонски цреши на „Максим Горки“

Градот Скопје денеска започна со обновување на дрворедот на улицата „Максим Горки“...

Пред повеќе од еден месец, по совет на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, со посредство на љубезниот директор на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, во соодветната служба на МВР, пријавив физичко следење од страна на неовластено лице, напиша Героски на својот Фејсбук профил.

Героски со апел до обвинителството: Изјаснете се за случајот или јас ќе ја известам јавноста!

Новинарот и уредник на порталот Плус Инфо, Бранко Героски со ОТВОРЕН ПОВИК ДО ЈАВНОТО...