На Стаменка и се потребни 5.500 евра за да го спаси својот лев колк. Трповска се бори со овој проблем веќе четири години, а нејзиното семејство не е во состојба да ги подмири трошоците за оваа операција.

Објавил: Весна Петровска | 15 јули, 2019 18:32

ИТНО СМЕ И ПОТРЕБНИ НА СТАМЕНКА: Треба да се соберат 5.500 евра за да го спаси својот лев колк

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Да ја покажеме уште еднаш нашата хуманост и да и помогнеме на младата Стаменка да стави крај на неколкугодишната агонија.

Таа со години има проблеми коксартроза и синовитис која се заснова на рскавицата во колкот која е речиси уништена.

На Стаменка и се потребни 5.500 евра за да го спаси својот лев колк. Трповска се бори со овој проблем веќе четири години, а нејзиното семејство не е во состојба да ги подмири трошоците за оваа операција.

Таа напишна на социјалната мрежа Фејсбук:

– „Драги пријатели, некои од вас лично ме познаваат и лично знаат со каков проблем се мачам последниве неколку години. Бидејќи веќе не знам што да правам па решив вака јавно да се обратам и да побарам помош за мојот колк кој е во фаза на распаѓање т.е. поточно имам дијагноза коксартроза и синовитис која се заснова на рскавицата во колкот која е скоро целесно оштетена. Оваа агонија со константни болки и ограничување во движењето е макотрпна работа и од големите болки кои ги имам сум принудена да избегнувам било каква физичка работа. За истиот проблем да биде решен најдовме првиватно соодветна клиника во Србија која истото може по артроскопски пат да го реши за да не дојдам до менување и ставање на вештачки колк. Докторот Александар Црнобариќ е со позитивно мислење и соодветно решение на мојот проблем, воедно да не заборавам да напоменам дека е еден од најдобрите доктори на балканот за таа дијагноза. Инаку неговиот преглед беше детален и убаво објаснет за понатамошно лекување. Операцијата која ќе ја изврши лично тој чини 5500 евра во кои се состојат операцијата и постоперативен третман. Затоа драги пријатели ве молам вас за помош кој колку може да донира и конечно мојата агонија од претерано силни болки и големо ограничување во движењето да престане и да можам понатаму да живеам нормален живот.
Брат ми неодамна почина, а татко ми не е финансиски способен да ми помогне, па затоа се решив вака јавно да побарам помош од вас.

Телефони за донација:

T – mobile 143 123

За Вип наскоро ќе добијам бројче

Жиро сметка: 270700042513594
со цел на дознака “донација за Стаменка”

Споделувајте“

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.