Граѓаните не ѝ дадоа доверба на оваа влада да ги вработува роднините во институциите каде што платите се два пати повисоки од минималната плата

Објавил: Сања Кукиќ | 10 февруари, 2019 17:09

И БЕСА ,,удри” по вработувањата

Фото/Текст извор: ©онлине-магазин

Граѓаните не ѝ дадоа доверба на оваа влада да ги вработува роднините во институциите каде што платите се два пати повисоки од минималната плата во земјата-велат од Беса на Биљал Касами.

За сметка на ова секој ден илјадници граѓани ја напуштаат државата, бидејќи владејачките партии во земјата наместо да создадат работни места за граѓаните они вработуват свои членови на семејствата.

„Последните денови во јавноста се шират гласови дека сегашната влада продолжува да функционира како поранешниот режим преку коруптивни методи и вработување на семејствата на министри, пратеници и други владини функционери. Движењето Беса реагира на овој феномен на непотизам и корупција како земја со резервирано место во НАТО Алијансата, државата мора да работи на владеењето на правото, искоренувањето на криминалот и корупцијата и елиминацијата на непотизмот, но врз основа на трудот на академски и професионални повици“, се вели во соопштението.

Од Беса бараат од институциите да се испита непотизмот за кој се пишува во медиумите последните неколку дена и да ги испитаат сите коруптивни конкурси од неколку министерства кои, како што велат, фаворизираат одредени групи блиски до владините функционери.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика