УХМР

Објавил: Калина Мартинска | 7 декември, 2024 10:51

И денеска дожд и снег на планините

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, пообилни во источните делови (20л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег.

Попладне почнувајќи од запад облачноста ќе се намали, врнежите ќе престануваат и ќе започне да дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Во Скопје претежно облачно со повремен дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб, а попладне умерен ветер од северен правец.

Утре времето ќе биде променливо облачно, претпладне со услови за магла по одделни котлини. Попладне и во текот на ноќта со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а попладне наместа засилен ветер од југоисточен правец.

Во Скопје променливо облачно, претпладне со услови за појава на магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Дневните температури ќе се движат од 3 до 13 Целзиусови степени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.