Ексминистерот

Објавил: Калина Мартинска | 14 јануари, 2025 15:49

И експресниот пат Градско – Дреново е дел од визијата на СДСМ, вели Бочварски

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Ова е визијата на СДСМ за изградба на патна инфраструктура кој го промовираше во 2017 година, наместо барокните фасади или фонтани.

Без разлика дали една или друга влада ќе реализира неколку проценти од било кој важен инфраструктурен проект, важно е добрите проекти да продолжат, не поради партиите туку поради граѓаните, вели пратеникот на СДСМ, Благој Бочварски и поранешен министер за транспорт и врски.

Пуштена во употреба делницата Градско – Дреново, дел од експресниот пат Градско – Фариш

Експресниот пат Градско – Дреново 15,5 километри, до месец мај 2024 година беше започнат од владата на СДСМ и завршен со над 92% од работите за што говорат фотографиите. Денес истиот пат се пушта во сообраќај. Честитки за граѓаните на Прилеп, Битола Крушево, Ресен и сите останати општини во Пелагонискиот регион, вели Бочварски.

И пратеникот на СДСМ, Миле Талески, денеска рече дека пуштањето во употреба на експресниот пат Градско -Дреново е потврда за вистинските политики на СДСМ.

Посочи дека проектот во време на СДСМ бил реализиран со над 92 отсто и опфаќал изградба на трите клучки кај Градско, Росоман и Дреново, четири вијадукти, мостови, натпатници и потпатници и поставување на 98 отсто од асфалтот.

„Актуелната власт се кити со туѓо перје завршувајќи само 50 метри асфалт пред пуштањето во употреба. Но, важно е што граѓаните конечно добиваат целосно функционален пат што ги задоволува највисоките европски стандарди“,

вели Талески.

Очекува дека наскоро ќе биде завршена и делницата од Дреново до Фариш, за која рече дека веќе е над 80 отсто завршена во време на владата на СДСМ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести