Дали Заев, Ахмети и министерката Десковска се сомневаат во победата на нивниот консензуален кандидат

Објавил: admin@magazin | 19 април, 2019 10:27

И Заев е за избор на претседател во Собранието – ја губи ли довербата во Пендаровски?!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Aко претседателските избори пропаднат, ќе бидат иницирани уставни измени со цел претседателот на државата да се избира во Собранието или да се укине цензусот, изјави премерот Зоран Заев во емисијата „Патот кон“ на Алсат М.

Сепак, Заев изрази уверување дека изборите ќе бидат успешни.

Јас сум 99 отсто убеден дека изборите ќе бидат успешни. Особено тоа го гледам на крајот од првиот круг на кампањата. Конечно одлуките зависат од граѓаните, а не од политичарите и политичките партии. Дури и ако некој одлучи да бојкотира во вториот круг, граѓаните ќе излезат 40 отсто ќе постигнат цензус. Ова е мојот впечаток. Секако, Уставот предвидува веднаш да се оди на повторни изборите, не кажува за колкав период. Постои таа можнос, веднаш да се оди на избори,но верувам дека ќе успееме. Постојат две други опции, промена на Уставот. Една опција е да се укине цензусот, а втората опција е претседателот на државата да се избира во Собранието. Ова се опциите што ги имаме на располагање. Реков дека сум приврзаник претседателот да се избира во Собранието бидејќи слушам од граѓаните велат дајте направете го тоа. Секако тоа не можевме да го направиме пред овие избори. Но, за некои следни велам дека мојот став, не сум се консултирал во партијата, е дека треба да бидеме рационални во сѐ – изјави Заев.

Тоа се две различни опции кои се можни и кои постојат во компаративното право, изјави Дескоска по денешната Европсока конференција за медијација.

Доколку не биде постигнат потребниот цензус за избор на претседател на претстојните избори постојат две можности – шефот на државата да се избира непосредно од граѓаните без потребно мнозинство во вториот круг или да се избира во Собранието, вчера истакна и министерската за правда Рената Десковска.

 Ние имаме препорака од Венецијанска комисија дека цензусот што постои во Уставот за избор на претседател е нешто што не е соодветно и мора да биде тргнато. Тоа е препорака што се провлекува уште од претходните избори. Странските експерти веќе забележале дека има нешто што е нетипично во другите земји што некогаш на некој начин може да претставува опасност за да не може успешно да се спроведат претседателски избори. Менувањето на Уставот со цел да се олесни процесот на избор на претседател е нешто што веќе е препорачано и од ОБСЕ односно ОДИХР. Има две опции, едната е претседателот да се избира на непосредни избори без потребно мнозинство на излезност во вториот круг. Тоа значи кој ќе добие повеќе гласови  победува и тука немате можност да минирате избори преку бојкот. Другата опција е избор на претседател во Собрание. Тоа се две различни опции кои се можни и кои постојат во компаративното право, изјави Дескоска по денешната Европсока конференција за медијација.

Исто така, во вчерашната дебата на ТВ21, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, напомена дека и тој е за избор на Претседател во Собранието.

Оттука потекнува прашањето, дали Заев, Ахмети и министерката Десковска се сомневаат во победата на нивниот консензуален кандидат, Стево Пендаровски на Претседателските избори 2019?! Дали Пендаровски изгуби многу гласови во текот на кампањата?

Според сегашното решение во Уставот, за да биде избран претседател во првиот круг од изборите, неопходно е за него да гласаат мнозинство од вкупно запишаните 1.808.131 избирачи, односно најмалку 904.066 граѓани со право на глас.

За претседател ќе биде избран кандидатот кој добил мнозинство од гласовите, доколку на гласачките места излегле повеќе од 40 отсто од запишаните избирачи, односно 723.253 гласачи.

Доколку и во вториот круг ниту еден од двајцата кандидати не добие потребен број гласови, целата постапка се повторува.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Балкан

Во гостувањето Дачиќ изјави дека не е добро што со неиспорачувањето , всушност им се овозможува на оние кои се обвинети за воени злосторства , никогаш да не одговараат.

Ивица Дачиќ: Морина требаше веднаш да биде предаден на Србија

Министерот за надворешни на Р. Србија Ивица Дачиќ, гостувањето на ТВ Прва,  даде изјава...

Според информациите од утринава, ситуацијата е малку подобра од вчера. Десетина пожарникари, два канадери и хеликопетр се борат со пожарот на Тасос.

Грција во пламен – пожарникарите се борат со пламените јазици

Грција во пламен,над илјада пожарникари се борат против шумските пожари, најголем...

Еди Рама во интервјуто со новинарот Џек Парок, говореше на актуелни теми меѓу кои и за улогата на Европскиот совет за интеграција на Западен Балкан во ЕУ. Рама потенцираше дека Советот многу не се базира на она што го прават владите на земјите како Албанија, туку на ситуациите и динамиката на внатрешната политика на земјите членки на ЕУ.

Рама во интервју за Евроњуз: Северна Македонија пред Албанија во ЕУ може да го дестабилизира регионот

Во интервју за „Евроњуз“ (Euronews), албанскиот премиер Еди Рама изјави дека доколку Македонија...

- Дали она жали што не ги убила Србите? Ова е нечуено. Замислете некој било кој од нас во Србија да изјави вакво нешто. Колинда Грабер покажала и порано агресија и антисрпство, но ова е невиден скандал, изјавил Дачиќ.

СРБИЈА ШОКИРАНА! Колинда:Жалам што во „Олуја“ не ги убив Србите

-Ме гризеше совеста. Најрадо да ја  земев пушката и да отидов на боиште, рекла Колинда...