И премиерот Заев, како што претходно истакна министерката Дескоска, повтори дека АСНОМ како целовитост ќе се брише, во уставот ќе биде посочен само Прогласот како документ

Објавил: Мирко Бачиќ | 2 ноември, 2018 12:02

И Заев ќе го брише АСНОМ, ќе остане само Прогласот

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

По двете средби со независната парламентарна група на ВМРО  -ДПМНЕ и коалицијата со премиерот Зоран Заев, Владата соопшти дека барањата ќе бидат вметнати во нацрт-амандмани што произлегуваат од договорот во Преспа.

Заев на прес-конференција се осврна на измените.

Охридскиот рамковен договор е целосно вграден. Пратениците на Алијанса на Албанците и БЕСА го имаат своето право и имам целосно разбирање. Нивните барања се суштествени измени. Сфативме дека е легитимно право и не значи дека треба веднаш да биде затворено прашањето. Јас можам да дадам позитивен однос на ова. – рече Заев во однос на барањата на БЕСА и Алијанса на Албанците за внесување на амандманите за зајакнување на идентитетот.

Во делот на АСНОМ, како што посочи премиерот, остснува прогласот, а се менува одлуката т.е. Манифестот.

Премиерот изјави дека е он-лајн со Грција, со која постојано се консултира, што не е обврзувачки, туку е пријателски и тие имале разбирање. Според Заев амандманите се едноставни и јасни и истите заслужуваат поддршка од сите пратеници, па се надева дека кога ќе ги испратат ќе успејат да ги уверат пратениците како Панчо Минов дека процесот треба да биде поддржан.

Заев појасни дека го споменува Минов гбидејќи тој бил видлив и ги дал своите сугестии.

Мислев дека и тој ќе гласа, но не гласаше. Постојат многу пратеници кои се растеретени од партиски предрасуди за да го поддржат процесот. – рече Заев.

Говорејќи за нацрт-амандманите, Заев рече дека првиот дел се однесува на потврдата на македонскиот идентитет, а членот 7 го гарантира македонскиот јазик. Вториот дел е за стапувањето во сила, а тоа ќе биде откако Грција ќе го ратификува договорот и ќе го поддржи членството на Македонија во во НАТО.

Третиот е за менување на името, а тоа ќе биде сукцесивно, односно, ќе го почитува рокот за граѓаните да не мора веднаш да менуваат документи, односно да вадат кога ќе им истечат постоечките.

Зборот Македонија се менува со Северна Македонија, односно, тоа не се прави само во еден член каде се зборува за историјата на државата. Републиката ќе се грижи за сите иселеници, исто и тоа е дел од од амандманите. Со секој амандман оди и одлука. Составен ден од Уставот е Уставниот закон. Во тој закон ќе биде дел од договорот и барањата на независните пратеници. – рече Заев објаснуваќи ги измените.

Договорот е „фер инаф”, не може подобар, рече Заев, додаваќи дека пратениците ќе ја донесат одлуката слободно и во прилог на граѓаните.

Документот од Прогласот од првото заседание на АСНОМ до Македонскиот народ за првото одржано заседание на АСНОМ

Дескоска потврди, АСНОМ се брише

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести