Македонија
Вести
По Бојан Јовановски – Боки 13, денеска во затворот во Идризово е спроведена и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.
Спроводот следува откако Апелацискиот суд во Скопје ја потврди првостепената пресуда која сега веќе е правосилна, а со која таа е осудена на 7 години затвор, додека Јовановски на 9.
Меѓутоа, одбраната на Јанева реагира бидејќи таа е спроведена со наредба, а не со упатен акт кој смета дека во нејзиниот случај е неопходен.
„Куќниот притвор на Јанева е со важност до правосилност на пресудата. Одлуката на Апелација е донесена на 5 јули што значи тогаш пресудата станала правосилна и после тој датум таа е слободна. Затоа ние сметаме дека е неопходно таа да добие упатен акт, а не да биде спроведена со наредба“, вели нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска за „360 степени“, која најавува дека за ова ќе се жалат и до Европскиот суд за човекови права.
Одбраната на Јанева најавува дека ќе поднесе вонреден правен лек до Врховниот суд во врска со пресудата, а исто така планира да бара и прекин во издржувањето на затворската казна за што во наредниот период ќе ги прецизира и околностите.
Поранешната специјална обвинителка е осудена за злоупотреба на службената положба, а Јовановски за делата примање награда за противзаконито влијание и за перење пари.
Во истиот случај со нив, за примање награда за противзаконито влијание, беше обвинет и Зоран Милески-Кичеец, но тој уште на првото рочиште во декември 2019 призна вина и доби затворска казна од 3 години затвор. Таа е правосилна и од октомври лани тој ја издржува во Казнено-поправниот дом (КПД) во Струга!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.