И Крсто Мукоски, последниот пратеник од ВМРО - ДПМНЕ кој беше во притвор е пуштен да се брани од слобода, се очекува да се приклучи на колегите во Собранието на Македонија

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 октомври, 2018 14:10

И Крсто Мукоски пуштен на слобода, како ќе гласа за уставните измени?

Фото/Текст извор: ©makfax/магазин.мк

И последниот пратеник од ВМРО – ДПМНЕ, Крсто Мукоски, кој беше во притвор за настаните во Собранието на Македонија, пуштен на слобода, нејасно е дали ќе се придружи на колегите во законодавниот дом и како ќе гласа за уставните измени.

Пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ, Крсто Мукоски излегува од куќен притвор.

Кривичниот Суд и официјално ја потврди информацијата.

Му одреди поблаги мерки како одземање пасош и забрана за издавање нов и обврска обвинетиот повремено да се јавува на овластено службено лице во Судот во Струга.

Ви го пренесуваме соопштението на скопска Единица:

Апелациониот суд Скопје до Основниот суд Скопје 1 – Скопје, денеска достави решение со кое ја уважил жалбата на К.М. обвинет во предметот со КОК бр. 40/18 поврзан со настаните од 27 април 2018 година во Собранието на Р.М. со кое решение ја уважил жалбата на обвинетиот, изјавена против решението на Кривичниот совет при овој суд и го преиначи решението на советот со што ја укина мерката куќен притвор, определена со решение на Врховен суд на Р.М., продолжена со решение на кривичен совет при Основен суд Скопје 1 – Скопје, а се определуваат мерки за претпазливост – Одземање на патна исправа, односно забрана за издавање нова и Обврска обвинетиот повремено да се јавува на овластено службено лице во судот во Струга.

Пуштањето на Мукоски од куќен притвор со одлука на Кривичниот суд доаѓа спротивно на барањето на Обвинителството за организиран криминал кое даде негативно мислење и несогласување Мукоски да биде пуштен од домашен притвор.

Мукоски е обвинет за настаните од 27 април, а според снимките од безбедносните камери во парламентот тој е еден од пратениците кои ги отвораат вратите од внатрешната страна и толпата непречено влегува во собраниската зграда.

Претходно Кривичниот суд куќниот притвор им го укина на неговите колеги пратениви од ВМРО – ДПМНЕ, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

По вчерашниот ден во кој ние пратениците бевме заклучени во пленарната сала по наредба на Талат Џафери веќе е кристално јасно дека Собранието не е е повеќе демократска институција туку институција заробена од еден автократ кој што си дозволува да се однесува како Собранието да е приватна своина, непочитувајќи никаков Деловник и пред се крши основни човекови права“, изјави Мицевски!

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе поднесат интерпелација за Џафери

Интерпелација на претседателот на Собранието Талат Џафери ќе поднесат Пратеничката...

Голем е денешниот ден, историски, кога ги чествуваме Светите браќа Кирил и Методиј, да ја добиеме и автокефалноста на нашата црква како рамноправна со другите

Ковачевски: Автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија е историска вест и автентичен дел на македонскиот идентитет

Премиерот Димитар Ковачевски, упати честитка по повод автокефалноста на Македонската...

Претходно шефот на државата упати честитка за ваквата одлука и порача дека ова е радосна вест за сите граѓани на земјава од православна вероисповед.

Пендаровски и Вучиќ со заедничка фотографија од Давос ја поздравија одлуката на СПЦ

Со заедничка фотографија во Давос македонскиот и српскиот Претседател Стево Пендаровски...

Од денеска шатори и вреќи за спиење пред владата, Независниот синдикат на професионални војници излезе на штрајк.

СО ШАТОРИ И ВРЕЌИ ЗА СПИЕЊЕ ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ ВОЈНИЦИ ИЗЛЕГУВААТ НА ШТРАЈК ПРЕД ВЛАДА

СО ШАТОРИ И ВРЕЌИ ЗА СПИЕЊЕ ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ ВОЈНИЦИ ИЗЛЕГУВААТ НА ШТРАЈК ПРЕД ВЛАДА! Од...