Во 16 – те аудио записи кои се појавија на „Ју Тјуб“ се слуша глас кој наликува на сведокот во „Рекет“, Камчев, а се споменува името и на Мијалков, кој му е долгогодишен бизнис-ортак. Лани, Камчев од Шутка излезе на 27 декември, а преку „Рекет“ се откри дека за тоа платил 1,5 милиони евра кај Боки 13, Зоран Кичеец и Катица Јанева. Мијалков излезе од притвор два дена подоцна. Денеска Алсат го праша:

Објавил: Валерија Петрова | 12 декември, 2019 18:21

И Мијалков се огласи по БОМБИТЕ: Не му дадов пари на Боки 13 за да излезе од Шутка!

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Откако во јавноста осамнаа таканаречените бомби за случајот Рекет се огласи и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков кој тврди не му дал пари на Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 за да излезе од притворот во Шутка каде заврши како осомничен за перење пари во случајот на СЈО „Империја“, објави Алсат-М. Името на Мијалков се слушна и во последните прислушувани разговори поврзани со „Рекет“, но и во аудио-записите кои ги објави италијанскиот десничарски весник „Ла Верита“.

Во 16 – те аудио записи кои се појавија на „Ју Тјуб“ се слуша глас кој наликува на сведокот во „Рекет“, Камчев, а се споменува името и на Мијалков, кој му е долгогодишен бизнис-ортак. Лани, Камчев од Шутка излезе на 27 декември, а преку „Рекет“ се откри дека за тоа платил 1,5 милиони евра кај Боки 13, Зоран Кичеец и Катица Јанева. Мијалков излезе од притвор два дена подоцна. Денеска Алсат го праша:

– Пред да влезете, ве спомнаа на неколку наврати во „Рекет“. Дадовте ли пари за „Империја“?

„Немам. Немам никаква конекција со тоа“, одговара Мијалков.

Освен во новите прислушувани разговори и оние помеѓу Камчев и Боки 13, Сашо Мијалков го споменаа и сведоци во судницата. Сопругата на Орце, Ана, посочи дека Боки 13 знаел кој ден точно ќе биде уапсен и поранешниот прв човек на УБК, како осомничен за перење пари. Детали за „Рекет“ јавноста освен во судница, имаше можност да чуе и на „Ју Тјуб“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Се работи за компанијата Блацион регистрирана во Буграија, во која содружници се и двајца италијански државјани. Испраќачот е фирмата „Дентиче Пантелоне” од италијанскиот град Авелино.

Директорот на Дрисла внесувал сомнителен отпад од Италија

Софиска фирма на Двајца Македонци Блаже Игнатовски и Горан Ангелов се најде под истрага...

Тој истакна дека во моментов барем еднаш неделно партиските работни групи имаат средби за Изворниот законик, а разговараат и за Законот за ЈО.

Заев: Ќе седнам и со Мицкоски ако треба за да го донесеме Законот за Јавно обвинителство

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев би седнал да разговара со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан...

Според верувањата и обичаите, сите немажени девојки на големиот празник треба да стават огледалце под перницата, и ќе го сонуваат мажот со кој ќе се омажат.

Утре е Богојавление- сите немажени девојки треба да замесат тесто

Богојавление Водици е еден од најголемите и најтешки христијански празници. Според...

Исто така, за време на грабежот на 10 април 2009 година повредени беа и неколку граѓани кои во моментите додека ограбувачите ја вршеле вооружената кражба, биле во просториите на ескпозитурата на банката во центарот на Скопје.

Уапсениот “Пинк пантер“ во Тетово – ГО ИЗВРШИЛ ГОЛЕМИОТ ГРАБЕЖ ВО ПРО-КРЕДИТ БАНКА ПРЕД 10 ГОДИНИ

По 10 години бегство, лицето Р.И. (34) едно од осомничените за грабежот на “Прокредит банка“...