Политичка династија во Грција

Објавил: Узунов Бобан | 8 јули, 2019 10:35

И неговиот татко бил премиер, еве кој е Киријакос Мицотакис новиот премиер на Грција

Фото/Текст извор: ©магазин

Лидерот на грчката конзервативна партија Нова демократија, Киријакос Мицотакис, дојде на власт со убедлива победа на предвремените парламентарни избори. Победата, според експертите, се должи главно на климата на замор и огорченост од реформите на штедење и на неостварените политички ветувања на левичарската влада на Алексис Ципрас. 

51 годишниот Киријакос Мицотакис го презеде кормилото на Нова демократија во почетокот на 2016 година. Мицотакис доаѓа од моќно политичко семејство чии корени датираат од еден од најпознатите политичари во грчката историја Елефтериос Венизелос. Тој е син на поранешниот премиер, починатиот Константин Мицотакис.

Тој ја фокусираше својата кампања врз ветувањата за олеснување на грчките болки преку намалување на даноците, деблокирање на приватизациите, зголемување на инвестициите и ефикасност на државата. 

Неговата сестра Дора е исто така политичарка и беше омажена со Павлос Бакојани, кој беше убиен од милитантната група „17 ноември“ во 1989 година. Бакојани е позната во Македонија како од позиција на поранешен министер за надворешни работи силно лобираше за вето против Македонија на самитот на НАТО во Букурешт 2008 година. 

Неговата партија, како што е познато, се спротивстави на договорот за името на Македонија, но Мицотакис рече дека ќе го почитува Преспанскиот договор. Сепак, тој изјави дека го задржува правото да го блокира процесот на македонското пристапување во Европската унија ако оцени дека не биле исполнети националните интереси.

Тој има дипломирано на Харвард и бил аналитичар на инвестициска Чејс банка.

Мицотакис беше министер за реформа на администрација во конзервативната влада во 2013 година кога доверителите бараа намалување на јавниот сервис.

Тој вели дека Грција би можела да биде следната „пријатна успешна приказна“ во еврозоната по неколкугодишните економски превирања.

„Ги поставив моите амбиции многу високо. Мислам дека сме подготвени за, знаете, голем чекор напред и мислам дека Грција во текот на следните четири години би можела да биде пријатна успешна приказна за еврозоната“.

Мицотакис, како што вели, сака да вдахне нов живот во економијата и да го исфрли имиџот на земјата како проблематично дете на Европа.

Неговиот главен приоритет како нов премиер е создавање повеќе работни места во земјата.

„Сакам земја што најпрвин ќе биде многу оптимистичка во врска со нејзината светла иднина“.

Тој сака да стави крај на меѓународните механизми за мониторинг, Грција да почне да зема кредити со истата стапка како и другите земји, како и да побара повеќе пари од ЕУ за справување со приливот на бегалци од Турција.

Киријакос Мицотакис е оженет и има три деца.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

-Прво, ја повикувам јавната обвинителка да ја потврди веродостојноста на записникот што е направен и чесно е да каже дали е тоа така кажано.

ГЕРОСКИ: “Политичар што тужи новинари МУ СЕ БЛИЖИ КРАЈОТ„

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, премиерот Заев, вицепремиерката...

Момчето, кој себеси сака да се нарекува новинар, и притоа нема елементарно воспитување и почит кон луѓе кои се далеку над него и се имено новинари со големо ,,Н"

Јоци до Митовски од Инфомакс: Ти си далеку од новинар, немаш занает, немаш новинарски нерв, немаш знаење, немаш абер

Кога Инфомакс ќе престане да ми сече статуси во кои го пишувам Заев, а го нема делот...

Рахиќ додава дека сега во притворот има 18 жени, што е најголем број на притворенички досега, а затворот Шутка е ограничен со капацитетите за сместување.

РАХИЌ: КАТИЦА ВО ПРИТВОР СО 18 ЖЕНИ – во секоја ќелија има по 4, 5 до 6 жени!

Затоа што е лице од посебен интерес поради безбедносна проценка специјалната обвинителка...

Според мене, се работи за класична закана и притисок врз медиумите и другите колеги новинари да не се осудуваат да објават информации, кои тие би ги имале поврзани со власта и аферата „Рекет“, нагласува тој.

Митовски од ИНФОМАКС: “Класична закана и притисок од ЗАЕВ да не се објават информации за Рекет”

Изјавата на премиерот Зоран Заев, кој најави дека ќе ме тужи мене и нашата редакција,...