Панчо Минов се повлече, нема да ги гласа уставните измени, Заев и Ахмети на итна координација кај Џафери, во тек се консултации како да се заврши денот

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 октомври, 2018 17:54

И Панчо Минов ја повлекува својата поддршка, Заев и Ахмети кај Џафери

Фото/Текст извор: ©a1on.mk/магазин.мк

Скоро “собраното” парламентарно мнозинство за уставни измени, почна да се намалува, во моментов премиерот Заев со претседателот на ДУИ, Али Ахмети се во кабинетот на Талат Џафери.

Од информации од собранието, на Заев послушност му откажал пратеникот на ГРОМ, Панчо Минов, кој претходно ветил поддршка за уставните измени како замена за ослободителна пресуда за неговиот претседател Стевчо Јакимовси.

Заев сега е на 78 пратеници во поддршка.

Се активирал алармот од скопско Кале, неофицијално и амбасадорот Џес Бејли е во законодавниот дом, во кабинетот на Џафери.

На координацијата треба да се донесе одлука дали да прекине денешната незапочната седница и истата да се презакаже за среда, со можност да се изгуби поддршката, или да се продолжи со притисок.

Неофицијално партиски извори од СДСМ, информираат дека веќе му укажале на Заев, дека уцените и заканите добиваат на огромно негативно незадоволство не само кај партиските членови туку и кај народот кој е информиран од прва рака.

*Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Експерти од областа на безбедноста се едногласни во констатациите дека бегството на Груевски во конкретната ситуација е едноставно невозможно без знаење на Спасовски и Заев

Спасовски и Заев знаеле за Будимпешта

Речиси е едногласен ставот на експертите од областа на безбедноста, дека бегството...

Шефот на македонската дипломатија и државниот секретар, Димитров и Димовски оствариле средба со заменик амбасадорот на Унгарија, кој го поставил "вистинското" прашање

Димитров прими “дипломатско” кроше од Унгарија

По објавата на социјалните мрежи, лично од поранешниот премиер и актуелен пратеник,...

Бегството на Груевски доволна причина Јанева по одобрение на Кривичен суд да активира најмалку стотина барања за изрекување времена мерка притвор за случаите на СЈО

Спасовски и го отвори патот на Јанева за масовно приведување

Изјавата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовси, дека нема вина кај органите...

Во правна држава за која знаеме дека е дотолку повеќе полициска, едноставно е невозможно првото име на "декадното режимско владеење" да не се знае каде е четири дена по ред

Бегството на Груевски, со “амин” на Заев и Спасовски?

Пред три години, во екот на политичката криза во Македонија, во јавноста провејува...