Во текот на наредната недела ќе се испорачаат и дополнителни колични на клексан во клиничката аптека во Скопје, а доволни количини на лекот има и за аптеките и за останатите болници во земјава.

Објавил: Владо Марин | 12 декември, 2020 21:40

И ПОКРАЈ ЗГОЛЕМЕНАТА ПОТРОШУВАЧКА, АНТИКОАГУЛАНТНА ТЕРАПИЈА КЛЕКСАН И КСЕРАЛТЕ ИМА ДОВОЛНО ВО ЗЕМЈАВА

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Потрошувачката на антикоагулантна терпија во земјава е тројно зголемена во однос на истиот период лани, но добавувачите прават напори да се обезбедат бараните количини и во моментов нема недостиг од ваква терпаија ниту во аптеките нтиу во болниците.

-И покрај тоа што годинава се трошат тројно повеќе лекови од палетата на антикоагулантна терпија во која влегуваат лекови како клексанот и ксарелтото, во моментов нема недостиг од овој тип на терапија ниту во болниците ниту во аптеките.

Зголемената потрошувачка се должи на тоа што овие лекови се вклучуваат како терапија кај болните со ковид 19 кај кои се јавува одредени проблеми со крвта, вели министерот д-р Венко Филипче.

Добавувачите на овој тип на лекови во нивните планирани набавки за 2020 година имаат предвидено увоз на многу помали количини од овие лекови, но со зголемената потрошувачка се прават и дополнителни напори за набавки и до сега нема проблем во испораката.

-Проблемот не е само кај нас туку во целиот свет. Зголемена е побарувачката на лековите од овој тип кај прозиводителите и се прават дополнителни резрвации од сите земји. Кај нас во ниту еден момент немаше недостиг од овие лекови. Клиничка аптека ги има во континуитет и достапни се на сите болници и ковид центри, а испораката оди редовно и во аптеките низ државата, вели Филипче.

Во текот на наредната недела ќе се испорачаат и дополнителни колични на клексан во клиничката аптека во Скопје, а доволни количини на лекот има и за аптеките и за останатите болници во земјава.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Оздравеле 547 пациенти, а регистрирани се тројца починати во изминатите 24 часа и уште тројца од Регистарот за починати од ковид на Мој термин.

Нови 246 заразени со ковид, 547 оздравени и вкупно шест починати

Во изминатите 24 часа регистрирани се 246 нови случаи на ковид-19, од направени 4.072 тестирања,...

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се дополнително 7 лица, починати во период од 27 ноември до 24 декември, годинава.

Пријавени 266 новозаболени и 15 починати со ковид-19

Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно...