Превземени се мерки и активности при што е констатирано дека 50 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Објавил: Валерија Петрова | 11 септември, 2019 13:35

И покрај контролите на МВР – скопските улици се уште се како фронт во кој страдаат возачите

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Македонската полиција со полни раце работа, секој ден билтенот на МВР е полн со инциденти и сообрќајки и покрај силните контороли и големите казни.

Според информациите на МВР, во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле осум сообраќајни незгоди, во кои две лица се здобиле со тешки телесни повреди, а седум лица со телесни повреди.

Превземени се мерки и активности при што е констатирано дека 50 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај се исклучени 38 возачи од кои 11 управувале возило под дејство на алкохол, 18 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило, еден возач затоа што бил возач-почетник и осум останати сообраќајни прекршоци.

Расте бројот на сообраќајни несреќи во главниот град

Исклучени од сообраќај се и 15 возила бидејќи биле со истечена важност на сообраќајната дозвола. Санкционирани се седум возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, 10 возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престројување, еден возач поради неправилно престигнување,11 возачи на моторцикли поради неносење заштитен шлем, пет возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 11 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

По сообраќајките во Скопје се случиле три напади од кучиња скитници.

Ѓ.С.(31) од Скопје пријавил дека на бул. „Србија“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

Д.Д.(52) од Скопје пријавил дека на бул.„АСНОМ“ во Аеродром бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.

Т.А.(72) од Скопје во Полициската станица Карпош пријавил дека на ул.„Бранислав Нушиќ“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата надколеница.

Исто така полицијата на автопатот Куманово – Скопје утрово во 04.40 часот полициски службеници го привеле Б.И.(47) од Скопје поради тоа што во 04.30 часот на автопатот Куманово – Граничен премин „Табановце“ од неговото возило „ауди С-8“ со скопски регистарски ознаки, истоварал 10 мигранти од Сирија.

Мигрантите заедно со возачот предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Маж во безсознание лежел покрај автопатот Скопје- Куманово, па откако го забележале лицето било пренесено на Клиника каде е утврден неговиот идентитет.

Избодено дете во ЈСП – лекарите се борат за неговиот живот, и маж во бесознание итно пренесен во болница

Крвав инцидент во градскиот превоз во Скопје. Според информаците на МВР, три лица се...

За време на мечот настанал инцидент, причината е недосуден офсајд за домашниот тим, по што фанови влетале во терен.

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ДЕБАРЦА СО ДЕТАЛИ: Апелирам да не се политизира настанот, или да се поврзува со политички процеси

По немилиот настан кој се случи во Охрид со приведени навивачи и играчи од фудбалски...

Пред полициската станица во Охрид во моментов се наоѓаат триесетина соселани, роднини и пријатели на тројцата уапсени вечерва.

ПОЛИТИЧКИ РЕВАНШИЗАМ: Приведени фудбалери и навивачи – блокиран влезот кон СВР Охрид!

Еден фудбалер на ФК Волино е меѓу приведените кои во моментов се наоѓаат во охридската...

– Тие се сомничат дека вчера во периодот од 9 до 9 часот и 30 минути, на Одделението за кожни болести во тетовската клиничка болница, физички го нападнале лекарот А.Е.( 45 )

Поднесена кривична пријава за браќата кои претепаа лекар во Тетово!

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, секторот за внатрешни работи...