Тој во интервју за Би-би-си вели дека ЕУ мора да дејствува на адекватен и координиран начин за да им помогне на земјите што се најтешко погодени од пандемијата.

Објавил: Македонка Димкин | 9 април, 2020 10:55

И Премиерот на Италија смета дека ЕУ ќе пропадне поради кризата со КОВИД-19

Фото/Текст извор: ©ривиера24 / Би-би-си

Италијанскиот премиер Џузепе Конте смета дека Европската Унија ризикува да пропадне како проект поради кризата со коронавирусот.

Тој во интервју за Би-би-си вели дека ЕУ мора да дејствува на адекватен и координиран начин за да им помогне на земјите што се најтешко погодени од пандемијата.

Конте исто така рече дека ЕУ треба да се соочи со предизвикот, кој го карактеризира како најголемиот тест по Втората светска војна.

Џузепе Конте (8.08.1964 година во Волтура Апула) е италијански правник и непартиски политичар. Тој е премиер на Италија од 1 јуни 2018 година. На 20 август 2019 година Конте поднесе оставка на функцијата шеф на владата, но остана привремено на функцијата по барање на претседателот Серхио Матарела. На 5 септември беше потврден повторно како премиер и сега води коалиција на движењето со пет везди на Демократската партија / Фото: Википедиа

Италија и други земји од ЕУ се обидуваат да ја убедат Унијата да издаде т.н. коронаобврзница, односно сите земји да прифатат распределба на отплатата на долгот.

» Ако не ја искористиме шансата да внесеме нов живот во европскиот проект, ризикот од колапс е реален – смета премиерот на Италија, која е најтешко погодената европска земја од вирусот.

Италија доби медицинска помош од Кина, Куба и Русија, а на прашањето дали руската помош за Италија била условена, можеби со поддршка од Рим за укинување на санкциите за Москва, Конте одговара дека ваквите инсинуации се длабоко навредливи за него.

» Тоа е навреда за италијанската влада и исто така и за Владимир Путин кој никогаш не помислил оваа ситуација да ја искористи како предност – рече Конте.

Рускиот претседател Владимир Путин уште на 22 Март „ја потврди подготвеноста на Русија да обезбеди потребна оперативна помош во телефонскиот разговор со италијанскиот премиер Џузепе Конте“, се вели во соопштението на Кремљ.

Русија ѝ испрати на Италија „заштитна опрема, мобилни системи за дезинфекција на превозни средства со аеросоли, медицинска опрема“ и „експерти кои ќе обезбедат практична помош во најтешко погодените области“ со пандемијата.

Двајцата лидери се согласија за „цврста соработка во борбата против коронавирусот“, додаде  Кремљ  во соопштението од 22 Март 2020.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.