Албанскиот претседател и заменик помошникот секретар во Бирото за европски и евроазиски работи на Стејт Департментот, Милард, разговарале за референдумот во Македонија

Објавил: Мартин Попоски | 20 септември, 2018 6:50

И Тирана со посети од високи гости од САД за успешен референдум во Македонија?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Заеднички став на двајцата соговорници е дека позитивниот резултат на референдумот е од големо значење за европската иднина не само за Македонија туку и за целиот регион.

Мета ја запознал високата гостинка дека Албанија ги повикала Албанците во Македонија да излезат и да гласаат „за“ на  референдумот и додал дека посакува први октомври да отвори нова перспектива во евроатланската интеграција на Македонија. 

Задржувајќи се и на други прашања од случувањата на Балканот, Мета и Милард размениле мислења и околу дијалогот Косово – Србија.

Од посебна важност е финализирањето на дијалогот Косово – Србија со постигнување договор. Договорот Косово – Србија гарантира европска перспектива, го консолидира меѓуетничкиот соживот и мирот во регионот, оценил при тоа Мета.

На средбата од посебна важност е оценет текот на реформите во Албанија во правец на зајакнување на правната држава.

Претседателот Мета гарантирал дека неговата земја е одлучна во исполнувањето на обврските кои произлегуваат од документот за стратешко партнерство Албанија-САД.

Заменик помошникот секретар во Бирото за европски и евроазиски работи на Стејт Департментот, Елизабет Милард во Албанија ќе престојува три дена.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Балкан