Македонија
Вести
Признавањето на Манифестот од АСНОМ и неговите Одлуки од страна на Грција ќе значи помирување со историските факти, врз кои дури ни моќната Атина ме може да изрши ревизија.
Имено историски факт е дека Грција и Бугарија за време на Втората Светска војна биле од страната на нацистичка Германија, формирајќи фашистички режими на владеење.
Македонскиот народ уште во одлуката на заседанието на АВНОЈ во 1943 година е цитиран како народ кој рамо до рамо со народите од Балканот застанал против фашистичкиот режим, со што конечно и успеал да се избори за сопствена држава, вековна борба поради која бил угнетуван.

АГрција не се плаши од историскиот факт дека Македонија и Македонците постоеле многу порано од т.н. Титова Југославија, но не сака да си признае дека била на грешната страна од историјата на светот.
Имено на 4 август 1936 година генералот Јоанис Метаксас прогласил фашистичка диктатура во Грција.
Со што се влошила положбата на Македонците во Грција. Режимот ја забранил употребата на македонскиот јазик и истовремено извршил апсење на голем број Македонци, поради изразување на националните чувства.
Метаксас (1871 – 1941) бил грчки воен офицер и политичар, кој служел како премиер на Грција од 1936 до неговата смрт во 1941 година.
На 28 октомври 1940 година, тој под ултиматум наметнат од Италијанците ја предава Грција на оските на фашизмот, со што Грција ја воведува во Втората светска војна.
Метаксас бил често виден гостин со идеологот на нацистичка Германија, Јозеф Гебелс.
Признавањето (иако тоа се одлуки кои опстоиле без приговор 75 години) на одлуките и Манифестот на АСНОМ за Грција се покајание за злоделата, а не иредентизам.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.