Во интерес на вистината, неколку месеци имав такви јавувања од непознат човек кој се претставуваше дека е од некакво истражно биро од Канада.

Објавил: admin@magazin | 6 декември, 2019 17:42

Кабранов до Камчев: Боки 13 и јас бевме жртви на сајбер криминал – Сега ми е јасно дека се било фарса

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Новинарот Ацо Кабранов, кој неколку месеци беше вработен во телевизијата на осомничениот Боки 13, 1ТВ, денеска на социјалните мрежи реагираше на сведочењето на Орце Камчев во случајот „Рекет“. Орце Камчев денеска го обвини Бојан Јованоски дека ги злоупотребувал и политичарите како и новинарите.

Камчев на денешното судење како пример го наведе главниот уредник Ацо Кабранов. Според Камчев, Боки 13 и Сергеј Варошлија со мутирани гласови преку телефон го малтретирале Кабранов и му се заканувале.

„Боки 13 на интерфот ги злоупотребуваше и политичарите. Го слушав како го малтретираше господинот Кабранов, па после глумеше дека го спасил“ – рече Камчев, додавајќи дека на одредени новинари од 1ТВ им давал насоки што да прават.

После ова сведочење, новинарот Кабранов се огласи на Фејсбук.

Утрово неколку новинари ми се јавија да ми пренесат дека Камчев во сведочењето посочил дека Боки и Сергеј со мутирани гласови ми се јавувале и ми се заканувале. Во интерес на вистината, неколку месеци имав такви јавувања, од непознат човек кој се претставуваше дека е од некакво истражно биро од Канада.

Тој ми го издиктира матичниот број и мојата лична адреса и ми рече дека сум жртва на сајбер криминал. Јавувањата траеја неколку месеци и преку ден и во ноќните часови и секогаш беа како да ме бара Боки од неговиот број. Истото му се случуваше и на Боки, му покажуваше како јас да го барам. Многу пати телефонот на Боки стоеше пред него на маса, а мене ми ѕвонеше мојот телефон и се појавуваше неговиот број и секогаш беше истиот човек со истата приказна.
Јас единствено се вознемирив што го знае мојот матичен број и мојата сметка во банка, плашејќи се да не ме задолжи некој. Пријавив во банката каде што имам сметка, а потоа и во МВР.

Таму кај директорот на БЈБ бев со Боки бидејќи и на него му се случуваше истото. Признавам, се вознемирив кога одејќи по скалите кон канцеларијата на БЈБ ми заѕвоне телефонот и пак тој господинот со опомена дека не е добро што пријавувам во полиција.

Директорот на сајбер криминал во МВР не сослуша и рече ќе провери и ќе се јави.
Утредента ме извести дека од МОБИЛНИТЕ ОПЕРАТОРИ добил инфо дека постоеле некакви апликации кои се купувале ефтино, чинам рече од Србија, и така малтертирале луѓе и дека се немоќни да заштитат од тоа. Јавувањата продолжија со истата приказна и дека е спремен да дојде да ми пренел некакви информации за што се работи. Секогаш го одбивав грубо, дури и му се дерев да престане да малтертира.

Јавувањата продолжија и по притворувањето на Боки, последниот повик го примив пред десетина дена. Сега сум тотално збунка, не ми е јасно како стасало инфото и до сведокот Камчев. Не некој да ме задолжи па да морам да враќам.

Сега ми е јасно дека се било фарса, од кој не знам, но сум бил како Алиса во земјата на чудата.

Тоа е вистината – пишува Ацо Кабранов на Фејсбук.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Демант

До редакцијата на „Магазин“ пристигна демант по повод објавата за календарот со полуголи жени финансиран од погребалното претпријатие „Две солзи“

ДЕМАНТ од сопственикот на погребалното претпријатие „Две солзи“: Календарот и објавата се лажни

Владимир Мургоски од Охрид инаку сопственик на погребалното претпријатие „Две солзи“...

Христијан Мицкоски со експресен одговор на неговиот ФБ профил: молевте и коленичевте за фер однесување, но уште еднаш покажавте дека за Вас не постојат принципи, ниту збор

Машинеријата на лажни вести на власта обвинува: Мицкоски лапнал 1.6 милиони?

Еден македонски портал со шпекулација дека Мицкоски се сретнал со руските дипломати...