Свет
Анализа
Кога човек се наоѓа во странство зависи постојано од локалниот транспорт, а најлесниот начин за да успее да дојде до непознато место е такси возилото.
Сезоната за одмор е во тек, а сајтот taxi2aiport.com ги спореди цените на такси услугите во различни држави. Користената „мерна единица“ е растојанието од 5 километри.
Сајтот е посредник за такси резервации и работи во 130 држави низ светот. Од собраните податоци се дојде до податок дека најевтино е возењето со такси во Египет и изнесува 0.84 евра на 5 километри.

Следува Индија со цена од 1.29 евра, Тајланд (1.41 евра) и Индонезија (1.68 евра). Под 2 евра таксито е и во Малезија (1.70 евра) и Мексико (1.80 евра). Услугата е значително поскапа низ државите во Европа.
Во Шведска за пет километри патување ќе ви бидат потребни 9.91 евра, во Франција точно 10 евро, а во Велика Британија 10.08. Стапката на километар на островот е 2.96 евра и е една од највисоките.
Уште поскапо е во Австрија (11.60 евра), Белгија (12.90 евра), Холандија (13.40 евра) и Германија (13.80 евра). Двете држави во кои патниците ќе потрошат најмногу се Јапонија со цена од 15.64 евра за 5 километри и Швајцарија 22.68 евра.
Кога е Македонија во прашање тука се наплаќаат 25 денари за километар. Кога на тоа ќе се додадат и 40 денари за старт се доаѓа до сума од 165 денари за 5 километри.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Анализа
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.