„Додека клечел на колена целиот во крв, напаѓачите се заканувале со пиштол по што со мотор избегале во непознат правец.

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 август, 2019 20:01

Каде живееме: Разбојништво во скопски Аеродром, нападнат вработен во казино- траги од крв на улицата (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото Сител.мк

Разбојништво среде бел ден во се случило населба Аеродром, а нападнат и ограбен 57 годишен маж вработен во казино.

Како објави Сител, тој бил пресретнат од две лица додека излегувал од канцеларијата на ланец казина. Го нападнале и му ја одзеле торбата со околу 200 000 денари. Неофицијално, тој пренесувал пари од промет на казиното каде работел. Разбојништвото се случило утрово околу 8 и 30, на паркингот од зградата каде се наоѓа канцеларијата.

„Додека клечел на колена целиот во крв, напаѓачите се заканувале со пиштол по што со мотор избегале во непознат правец.

Според очевидци на настанот, нападнатиот маж не бил сам, со него имало и други лица, најверојатно вработени во казиното. Тие биле во автомобилот кога се случило разбојништвото. Во нив било вперено оружјето, а откако напаѓачите избегале со моторот, тие излегле да му помогнат на колегата, дознава Сител.

МВР го потврди разбојништвото но детали за напаѓачите не откриват. Нема информација ниту колку пари точно украле напаѓачите. Од МВР информираа дека на булевар АВНОЈ дека од вооружени лица физички бил нападнат и ограбен 57-годишен маж вработен во казино.

Траги од крв се останати на улицата каде што човекот бил нападнат.

Извор Сител.мк

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

На новите маички кои се голем хит во Грција, стои Сонцето од Кутлеш пред и по Заевото брусење на капаците од шахтите.

Грците се пошегуваа на наша сметка: Носат маички со изгребаното Сонце од Кутлеш

Откако пред четири дена Владата донесе наредба за отстранување на сонцето од Кутлеш...

Како што беше објавено наводно во телефонот на Боки биле пронајдени и експлицитни фотографии од нивното интимно дружење. Порталот објави дека фотографиите сега се во рацете на истражните органи во Скопје, кои утврдуваат дали врската на водителот и српскиот политичар има врска со аферата Рекет.

Пронајдени СМС пораки, експлицитни фотографии и две видеа кои докажуваат дека Боки бил во врска со српски политичар?

Откако завчера српски Телеграф излезе со насловна страна на која стоеше дека Боки...

Како што објави српски Курир, наводно  Боки нагласил дека ако тоа не го направат во рок од три дена, ќе изнесе во јавност докази за нивната вмешаност во рекетирањето, односно вмешаноста во случајот Рекет за кој тој е првоосомничен и во моментот се наоѓа во затворот во Шутка.

Боки 13 бара преместување на психијатрија, се заканил со докази против Заев

Првоосомничениот за случајот Рекет Бојан Јовановски испратил порака до државниот...