Двајца возачи на патничко моторно возило, сопатник и еден пешак биле тешко повредени во четири од вкупно 30 сообраќајни незгоди што изминатиот викенд се случиле на подрачјето на СВР Скопје.

Објавил: Весна Петровска | 21 октомври, 2019 19:15

КАДЕ ЌЕ МУ ОДИ ДУШАТА: Со автомобил помина на црвено, удри пешак кај Соборна и избега

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Сообраќајна несреќа се случила денеска на раскрсницата кај Соборен Храм.

-Пред 5 мин. на семафорите кај Соборна Мерцедесот пројде на црвено и го удри пешакот. Беше зелено за пешаци. Викнав 194, пешакот е во свесна состојба. Не видов кој е возачот, пишува на Твитер.

Исто така од МВР ја инфомираа и состојбата викендов на скопските улици.

Двајца возачи на патничко моторно возило, сопатник и еден пешак биле тешко повредени во четири од вкупно 30 сообраќајни незгоди што изминатиот викенд се случиле на подрачјето на СВР Скопје.

Во 16 сообраќајки полесно биле повредени 24 лица, а во 10 била причинета материјална штета.

Од СВР Скопје информираат дека викендов сообраќајната полиција санкционирала 69 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај исклучила 37 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 48 возачи пред да се стекнат со право на управување моторно возило и пет почетници, како и 36 нерегистрирани возила.

Санкционирани биле и седум возачи кои поминале коловоз вон пешачки премин, седум возачи поминале на крстосница на црвено светло, двајца возачи не дале првенство на минување на обележан пешачки премин, тројца возачи за неправилно престројување, четворица возачи за неправилно престигнување, A еден возач за не давање првенство на минување на возилата во зона на крстосница. Исто така, осуммина биле санкционирани за не користење заштитен шлем од страна на возачите на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл, девет возачи за не носење сигурносен појас, како и 21 возач кои користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Санкционирани биле и седум пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и двајца пешаци кои поминале коловоз на црвено светло.

Затекнати биле 154 возила непрописно паркирани, а со помош на специјалното возило „пајак”, отстранети биле 144 возила

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Ние веќе имаме отворено сериозни истраги, во областа на организираниот криминал и во областа на корупцијата.

ЕКСКЛУЗИВНО: МВР отвора истраги за носители на јавни функции, министерот Чулев гостин во ТВ21 (ВИДЕО)

Министерството за внатрешни работи отвора неколку истраги во кои инволвирани се и...

Оттука, иницијативата на Владата за прогласување на овие две планини за национални паркови може да се окарактеризира само како предизборна манипулација на граѓаните.

Прогласувањето на Шар Планина и Осогово за национални паркови се само предизборна манипулација!

Има бројни причини зошто не треба да се верува на оваа Влада. Наводната грижа за животната...