На 7 март од 18.00 часот Капитол мол ги повикува сите да бидат дел од изворот на среќата за секоја жена.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 март, 2019 10:16

Кажи ми колку ме сакаш во Капитол мол на 7-ми март 2019

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Во Капитол мол малите на уникатен начин ќе им кажат на своите мајки, баби, тетки, учителки и други колку ги сакаат.

Капитол мол по повод празникот на жената, 8 Март, подготви специјална креативна програма за малите дечиња кои со своите рачиња треба да им покажат на нивните мајки, баби, тетки, учителки и други колку ги сакаат. Со голема палета на бои тие ќе ги исцртаат своите чувства.

На 7 март од 18.00 часот Капитол мол ги повикува сите да бидат дел од изворот на среќата за секоја жена. За 365 дена љубов, со 365 нијанси на бои, малите со своите раце ќе ја покажат својата љубов затоа што не е важно дали е 8 Март или било кој ден од годината. 

За оваа иницијатива од Капитол мол велат: „Сакаме сите да го почуствуваат тоа што најискрено го има во емоциите на најмалите и да ја видат на платно почитта која ја имаме сите кон жената.“

Овој настан е прекрасна можност преку креативност и разнобојност да се поттикнат децата да ги покажуваат своите чувства отворено овозможувајќи им среќен и природен развој.

Капитол мол во период од 7 до 10 март подготви и специјални изненадувања за припадничките на понежниот пол, а тимот на Kids Park & 4Bowling ќе ги израдува најмалите и најмилите со креативни работилници и многу насмевки.

*Промотивен текст

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

Во јуни 2000 година, Оливер стана заштитно лице на британскиот синџир на супермаркети Сеинсберис, со кои потпишал договор вреден 2 милиони долари годишно.

Светскиот познат готвач Џејми Оливер прогласи БАНКРОТ !

Познатиот готвач Џејми Оливер затвори 22 од 25 ресторани, при што 1.000 луѓе останаа без...

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, пристигна меѓу првите гости со сопругата, а за брзо пристигна и министерот за администрација Дамјан Манчевски

Зорица Заева и Радмила најглавни ВИП гости на свадбата на пратеникот Милевски!

Речиси целата влада присуствуваше на свадбата на пратеникот Горан Милевски од Битола....

Членовите на исландската група држеа палестински знамиња во моментот кога се појавија на екраните, додека водителите ги читаа бодовите што ги добиле од гласовите на публиката.

ПРОТЕСТЕН ГЕСТ: ИСЛАНЃАНИТЕ СО ПАЛЕСТИНСКИ ЗНАМИЊА НА ЕВРОВИЗИЈА!

Исландската група Хатари вечерва ги дочека гласовите на публиката во финалето на Евровизија...