Арбер Адеми, актуелен министер за образование апелираше до родителите да ги однесат децата на вакцинирање доколку сакаат да одат во училиште.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 мај, 2019 22:29

Казна од над 1.500 евра за родителите кои нема да ги вакцинираат децата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Влада одлучи дека без вакцини нема да бидат примени учениците ов прво одделение.Ваквата одлука беше донесена на вчерашната владина седница и во септември, во училишните клупи ќе седнат само вакцинирани првачиња.

Арбер Адеми, актуелен министер за образование апелираше до родителите да ги однесат децата на вакцинирање доколку сакаат да одат во училиште.

Министерот за образование апелира да се вакцинираат децата за да може да бидат запишани во училиште

Тој изјави дека за сега нема да е проблем тие да бидат примени иако не се вакцинирани но до почетокот на учебната година да достават вакцинален картон, бидејќи доколку не го сторат тоа семејствата ќе се соочат со прекршочни пријави и за непочитување на законот за заштита од заразни болести како и за неодење во задолжително основно образование. Казните што ќе треба да ги платат се најмалку 1500 евра и за двата прекршоци, пренесе Сител.

-Според законот предвидени се казни кога детето не е дел од основното образование. Затоа треба да се подигне свеста, треба да имаме доверба во институциите и во здравствениот систем за да се вакцинираат децата затоа што сите ја знаеме состојбата. И во моментот додека зборуваме во здравствените установи има деца ко исе соочуваат со овој проблем. Ќе бидат примени само тие со потврда за примените задолжителни вакцини, изјави Арбер Адеми, министер за образование.

Адеми вели дека ќе ја следат состојбата на терен заедно со министерството за здравство и најави покрај теренска и отворање на пунктови за вакцинација во училиштата.

-Се соочуваме со епидемија и во вакви околности навистина треба сериозен пристап од страна на сите институции. Апелирам до сите родители да ги вакцинираат нивните деца и со ваквиот пристап да помогнат и да придонесат за јавното здравје, вели Адеми.

Во меѓувреме, на Клиниката за инфективни болести четири пациенти се во тешка состојба поради компликациите од морбили. Меѓу нив е и 16 годишната девојка со церебрална парализа која сеуште е на апарати за дишење.

Прилогот на Сител, погледнете го во продолжение

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Станува збор за болницата Пирогов во Софија, која има и специјален оддел за детски изгореници.

Момчето кое се повреди од струен удар во Трубарево ќе биде испратено на лекување во Софија!

Министерството за здравство информираше дека момчето кое вчера се здоби со изгореници...

Не е напредок на држава да се наоѓаш 105-то место на листата на Транспаренси, туку е навреда на интелигенцијата на граѓаните тоа да го нарекуваш блескање,стои во соопштението на ВМРО.

“Оставката на Богоевски не го покрива фактот дека тој и Заев се најголеми криминалци”

Македонија престана да блеска откако СДСМ дојде на власт.Не е напредок на држава да...

Иако во поголемиот дел од државите во регионот зелениот картон чини околу 10 евра, кај нас чини 60 евра за цела година, а пола од тоа односно 30 евра плаќаат оние кои вадат зелен картон за еден месец, што се сведува на тоа дека македонските возачи плаќаат најскап зелен картон во регионот. 

Македонските возачи плаќаат најскап зелен картон во регионот

Летниот одмор не чини цело богатство. Освен што секое семејство плаќа за сместувањето,...