
Свет
Вести
Бугарскиот премиер Бојко Борисов ќе биде казнет со 300 лева (150 евра) бидејќи влегол во затворен простор без заштитна маска, соопштило бугарското Министерство за здравство, објави БТВ.
Бугарија воведе задолжителното носење маски во сите затворени објекти, а предвидените казни се од 300 до 1 000 лева (150 до 500 евра).
Неодамна премиерот на Бугарија, Бојко Борисов беше снимен како спие гол во спална соба покриен со прекривка и предизвика огромно внимание, а Борисов ги обвини противниците дека го напаѓаат со компромитирачки материјали за да го спречат во две важни цели кој треба да се постигнат во јули – влез на Бугарија во банкарската унија и во еврозоната.
На фотографиите се гледа и наткасна до него, на која стојат пиштол и банкноти од 500 евра.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.