Освен што е добар лек за намалување на крвниот притисок какаото претставува и одличен извор на железо, манган, цинк и хром, а содржи и витамин Ц.

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 ноември, 2022 13:03

Какаото најдобар лек за намалување на крвниот притисок

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Се поголем е бројот на лица кои патат од покачен крвен притисок. Според последните податоци, дури една четвртина од полнолетното население на Велика Британија и 70 проценти од луѓето над 65 години имаат покачен крвен притисок. Но сепак со помош на еден пијалок може да се намали крвниот притисок. Станува збор за какаото кое е богато со флавеноиди, кои успешно се борат со хипертензијата.

Според ова британско истражување се покажало дека една чаша какао на ден има исто дејство како и лековите препишани од доктор.

Какаото помага во регулацијата на нивото на шеќерот и холестеролот во крвта

Своето истражување британскиот тим го спроведе со тестирање на 45 здрави Германци меѓу 18 и 35 години. Мажите биле поделени во три групи, кои земале големи или ниски дози на какао флавонот и плацебо и се покажало дека оние кои конзумирале какао со високи дози на флавоноиди го намалиле крвниот притисок за дури шест единици.

Инаку какаото е мало дрво кое припаѓа на фамилијата Слезови кое што потекнува од тропските подрачја на Јужна Америка, а особено околу текот на реката Амазон. Се одгледува на простори каде што владее влажна клима, со редовни врнежи.

Освен што е добар лек за намалување на крвниот притисок какаото претставува и одличен извор на железо, манган, цинк и хром, а содржи и витамин Ц. Какаото содржи бројни антиоксиданси, а особено полифеноли кои што подмладуваат, но и го штитат организмот од влијанието на слободните радикали, како и одредени видови на канцери.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.