Светскиот рекет број еден по деветти пат ја покори Австралија и дојде до својата 18-та гренд слем титула. Данил Медведев не успеа ниту да се закани. Ѓоковиќ одигра сурово и прецизно и на крајот славеше во финалето кое траеше помалку од два часа со 3:0 во сетови – 7:5, 6:2, 6:2.

Објавил: Стојче Бушин | 21 февруари, 2021 12:19

КАКОВ ЦАР: Ѓоковиќ остана господар на тенискиот терен на Австралија Опен!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Новак Ѓоковиќ по 18-ти пат се закити со гренд слем титула, негова деветта на Австралија Опен.

Светскиот рекет број еден по деветти пат ја покори Австралија и дојде до својата 18-та гренд слем титула. Данил Медведев не успеа ниту да се закани.

Ѓоковиќ одигра сурово и прецизно и на крајот славеше во финалето кое траеше помалку од два часа со 3:0 во сетови – 7:5, 6:2, 6:2.

На Новак само еднаш во кариерата и тоа на „Ролан Гарос“ во 2010 година против Јирген Мелцер му се има случено да води со 2-0, а да загуби до 2-3 на гренслемите.

„Некогаш поминувавме повеќе време заедно. Повеќе трениравме во Монако. Сега веќе не ми се јавуваш така често. Се шалам, ти благодарам Данил за убавите зборови. Знам дека еден ден ќе освоиш грандслам титули, но ако може да се стрпиш две три години, да завршам кариера“, изјави Ѓоковиќ по освојувањето на титулата. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Тенис

Имено, за време на полуфиналниот натпревар, Новак се жалеше при првиот сет за проблеми со повреди на вратот и левиот лакт, што предизвика големи сомневања дека е во лошо здравје.

Драма пред полуфиналето на Ролан Гарос: Голема грижа за Новак Ѓоковиќ!

Новак Ѓоковиќ наскоро треба да го започне својот дуел во полуфиналето на Ролан Гарос,...

Тренерот што Новак Ѓоковиќ ја закажа за денес на теренот во Болоњската шума, сепак, нема да се одржи.

ДРАМА НА РОЛАНД ГАРОС: Новак Ѓоковиќ го откажа претходно закажаниот тренинг, полуфиналето со Циципас ПОД ЗНАК ПРАШАЊЕ!?

Загрижувачки вести ни доаѓаат од Париз. Тренингот на Ѓоковиќ се откажа. Новак имаше...