Лекарот и професор за инфективни болести Бјорн Олсен рече дека Шведска би можела да избегне многу негативни последици доколку беа превземени посилни рестрикции многу порано, вклучително и карантин за патниците кои се враќаат во земјата, претходна блокада и препорака да се носат маски.

Објавил: Катерина Крстиќ | 31 јули, 2020 16:39

КАКОВ ШВЕДСКИ МОДЕЛ, СЕТО ТОА Е ИЗМИСЛЕНО ОД СЕКТА: Познат доктор открива зошто во оваа земја има најголем број на смртни случаи од Ковид-19 !

Фото/Текст извор: ©Kurir.rs/Telegraf Foto: YT Screenshot

Еден од најгласните критичари на Шведска за националната стратегија за борба против коронавирусот тврди дека недостатокот на критичко размислување и од здравствените агенции и од шведските медиуми е создадено од „секта“  што доведе до непотребни смртни случаи.

Лекарот и професор за инфективни болести Бјорн Олсен рече дека Шведска би можела да избегне многу негативни последици доколку беа превземени посилни рестрикции многу порано, вклучително и карантин за патниците кои се враќаат во земјата, претходна блокада и препорака да се носат маски.

Шведска го привлече меѓународното внимание, но исто така предизвика доза на скептицизам затоа што не воведе строги карантински мерки како другите земји.

Олсен е гласен критичар на стратегијата на Агенцијата за јавно здравје за време на пандемијата со корона вирус и еден од 22-те научници кои редовно повикуваа на негова промена преку написи во шведските медиуми, пренесува порталот Thelocal.se.

„Премногу луѓе умреа пред своето време. Тие умреа од вирус што не требаше да се шири неконтролирано“, рече тој во програмата на шведското радио. Имено, тоа е шоу во кое гостите имаат еден час да бидат домаќини на емисијата.

Тој додаде дека нема „доволно време“ во едночасовната програма за да се наведат сите грешки направени од шведската агенција за јавно здравје.

„Сектизмот е опасен и многу медиуми беа верни проповедници на сектата околу шведската стратегија. Групите имаат корист од тоа да имаат адвокат на ѓаволот во собата, испитувач кој ги оспорува гледиштата на групата. Ова јасно недостасуваше кога Агенцијата за јавно здравје ја карактеризираше пандемијата на корона како обичен грип “, рече Олсен.

Државниот епидемиолог Андерс Тегнел, кој стана лице на оваа стратегија, претходно исто така беше домаќин на ова радио шоу.

Тегнел рече дека премногу луѓе умреле во Шведска, додавајќи дека земјата ќе мора во иднина да размисли дали постои начин да се спречи толку висока стапка на смртност.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Сепак, Папата посочи дека Свети Петар бил најубедлив и најдобар кога тој лично проповедал и затоа денес новинарите и комуникаторите треба да направат повеќе за да дојдат до луѓето подиректно во потрага по информации од „прва рака“.

Папа Фрањо: Ако Свети Петар беше жив, тој сигурно ќе испраќаше пораки преку Твитер

Ако Свети Петар беше жив денес, тој сигурно ќе испраќаше пораки преку Твитер и електронска...

Треба да се стори повеќе. Затоа претседателот го инструира националниот тим за безбедност да ја изврши оваа анализа во текот на вториот ден од функцијата", рече Псаки.

ЏО БАЈДЕН ОДМА СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА: Побара од безбедносните служби да ја проценат заканата за насилен екстремизам во САД

Американскиот претседател Џо Бајден побара од безбедносните и разузнавачките служби...

На прес-конференцијата, главниот научен советник на британската влада, Патрик Воленс, потврди дека постојат докази дека новата варијанта на вирусот носи поголем ризик од смртност, објави Ројтерс.

БРИТАНСКИОТ СОЈ НА КОРОНА Е ПОСМРТОНОСЕН ОД ПРЕТХОДНИОТ: Џонсон тврди дека се шири побрзо!

Новиот вид на коронавирус што е откриен во Велика Британија може да биде поубиствен...