Метео најава

Објавил: Сара Фемина | 2 октомври, 2021 9:04

Каков ќе биде месец октомври?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

– Според најновите анализи со кои располагаме, месец октомври оваа година ќе биде нешто потопол од вообичаеното, и тоа особено во западните и во северозападните предели од државава, додека во останатите предели ќе биде просечен во поглед на температурите на воздухот, што значи дека се очекуваат типични температури за овој период од годината, нè известува нашиот метео прогнозер.

СПОРЕД ПОПОСКИ, ПОВРЕМЕНО ТЕМПЕРАТУРИТЕ НА ВОЗДУХОТ, И ТОА ОНИЕ МАКСИМАЛНИТЕ ДНЕВНИ ИМА УСЛОВИ ДА СЕ ИСКАЧАТ ДУРИ И НАД 25 СТЕПЕНИ, ИЛИ ДО БЛИЗУ 30 СТЕПЕНИ.

– Што се однесува пак до врнежите, истите ќе бидат значително помали во одност на изминатите години, што значи релативно сушниот период треба да продолжи и во текот на овој месец, заклучува Попоски и напоменува дека  со оглед на тоа дека се работи за долгорочна анализа на времето, промени во истата големи се шансите да се случат, што значи дека и покрај сушниот период овој месец, како и релативно топлото време кое не очекува, повремено можни се продори од север кои би условиле и релативно постудено време со потпросечни температури на воздухот, како и врнежи.

ПОПОСКИ СОСТОЈБАТА БУДНО ЌЕ ЈА СЛЕДИ, И ЗА СЕКОЈА НОВО – НАСТАНАТА ВРЕМЕНСКА СОСТОЈБА ГРАЃАНИТЕ НАВРЕМЕНО ЌЕ БИДАТ ИНФОРМИРАНИ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 10 степени.

СЛЕДУВААТ ЧЕСТИ ВРНЕЖИ – ОСОБЕНО ВО ЗАПАДНИТЕ ПРЕДЕЛИ, ПОГОЛЕМО ЗАЛАДУВАЊЕ ВО ПОЧЕТОКОТ ОД СЛЕДНАТА НЕДЕЛА!

До крајот на денов времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд. Поинтензивни...

Поинтензивни врнежи ќе има особено во западните предели, додека на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.

НАЈНОВИ НАЈАВИ: ДАЛИ ДОАЃААТ ПРВИТЕ ЗНАЧИТЕЛНИ ВРНЕЖИ ОД СНЕГ СЛЕДНАТА НЕДЕЛА?!

Како што веќе кажавме, утре ќе имаме променливо облачно и релативно суво време, додека...