
Живот
Здравје
Слепо црево е црволик додаток или преостаната шуплива цевчеста формација прикачена на продолжетокот од дебелото црево.
Слепото црево кај човекот, вообичаено од 8-10 см и помалку од 1,3 см, нема функција во системот за варење.
Неговите мускулни ѕидови ги исфрлаат своите мукозни секрети или кои било цревни содржини што влегуваат во него.
локада на отворот може да спречи исфрлање и да предизвика воспаление на слепото црево; се собираат течности, бактериите се множат и слепото црево стануав надуено и воспалено; ткивото во слепото црево почнува да изумира и органот може да пукне, предизвикувајќи воспаление на перитонеумот.

Симптомите можат да започнат со умерена болка во горниот абдомен, околу папокот, или во целиот абдомен. Потоа може да се јави мачнина и повраќање. Болката може да се префрли во десниот долен абдомен.
Вообичаено е присутна треска, но во првите фази ретко е висока.
За да се направи разлика меѓу акутно воспалување на слепото црево од другите причини за стомачна болка потребен е внимателен преглед. Се лекува со отстранување на слепото црево (апендектомија).
КОГА НАЈЧЕСТО СЕ ЈАВУВА ВОСПАЛЕНИЕ НА СЛЕПОТО ЦРЕВО?
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.