Разликата е во тоа што во состојбата на пред-дијабетес можете да ги контролирате тие нивоа со помош на одредена храна. Според истражувањата, одредени намирници и производи влијаат позитивно на регулацијата на глукоза. На пример – сирењето, но и неколку други…

Објавил: Катерина Крстиќ | 30 април, 2019 11:14

Како да го регулирате нивото на шеќер во крвта

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Слатките, благите превкусни колачиња, едноставно го мамат сечиј поглед. Но за жал слатките искушенија не се препорачуваат за луѓето кои страдаат од дијабетес, па дури и за оние кои не се заболени, но имаат високо ниво шеќер во крвта.

Разликата е во тоа што во состојбата на пред-дијабетес можете да ги контролирате тие нивоа со помош на одредена храна. Според истражувањата, одредени намирници и производи влијаат позитивно на регулацијата на глукоза. На пример – сирењето, но и неколку други…

Овесните јатки го регулираат шеќерот во крвта кај луѓето со дијабетес тип 2. Ова се должи на нискиот гликемичен индекс во нив. Благодарение на тоа може да се избегне остриот пораст и пад на нивото на шеќер.

За регулирање на шеќерпт во крвта мора да се внимава на исхраната

Барем 300 милилитри сок од кељ на ден, според нутриционистите, се корисни поради разновидниот состав на хранливи материи во оваа зелјеста култура.

Црвениот кромид го намалува шеќерот во крвта во рок од четири часа. Податоците од научните испитувања посочуваат дека 100 грама црвен кромид на гладно го намалува нивото на шеќер во крвта, главно поради кверцетин и сулфур во него.

Јогуртот го намалува ризикот од дијабетес тип 2 кај здрави луѓе.

Научниците, исто така, нагласуваат дека 150 минути неделни аеробик вежби, исто така, помагаат при регулација на нивото на глукоза.

Но не е само важно да се внимава да не се јаде многу благо, туку треба да се знае и кој производи содржат скриен шеќер. На пример, дали сте знаеле дека кечапот содржи многу шеќер? Затоа, внимателно читајте го составот на состојките и продуктите што ги консумирате.

Треба да внесувате храна богата со протеини бидејќи таа се вари побавно и ве прави сити подолго време и не предизвикува нагло покачување на нивото на шеќер во крвта, поточно го стабилизира нивото на шеќер во крвта.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.