Сакате да ја вжештите атмосферата зад затворени врати? Еве неколку сознанија кои ќе ви ги интензивираат возбудата и желбата за уште поголема интимност.
1. Левата страна на клиторисот е најжешкото место
Многу експерти тврдат дека има одредена област од клиторисот којашто е почувствителна и предизвикува поинтензивни пријатни сензации. Експертите велат дека горниот лев „дел“ на клиторисот е најжешката точка. Па, не чекајте, насочете ја раката на вашиот сакан малку налево.
2. Поплитко проникнување = поголемо задоволство
Прескокнете го длабокото проникнување за да извлечете максимално задоволство од сексот. Секс гуруата тврдат дека надворешната третина од вагината е најчувствителна, па не е неопходно да се обидувате да пронајдете пози за подлабока пенетрација за да имате незаборавен секс. И многу мажи екстремно уживаат во првите моменти од пенетрацијата, што значи дека плитката игра ќе ви ги оствари желбите и на двајцата.
3. Црвено за експлозивна возбуда
Боите со кои сме опкружени имаат неверојатно влијание врз нашето расположение и емоции. Најсекси боја дефинитивно е црвената. Но, ако избирате нови чаршафи или специјална долна облека, нема да погрешите ако се во виолетова или темно сина боја, како ноќното небо. Најмалку секси е сивата боја.
4. Долга предигра = натрупување на сексуална возбуда
Колку повеќе го одложувате главниот сексуален акт, толку повеќе ќе го посакувате и толку повеќе ќе уживате во него.
Предлог предигра: еротска приказна од двајца автори. Земете лист хартија и пенкало. Започнете да пишувате еротска приказна. Напишете вие една реченица, па прочитајте ја наглас. Дајте му на вашиот партнер да продолжи и нека прочита и тој наглас. Одолејте му на искушението да ја прекинете приказната за да продолжите со страсни бакнежи, сè додека не напишете имагинативен возбудлив крај.
5. Нозе преку неговите рамена за тој да се почувствува помоќеДодека сте во мисионерска поза, ставете ги нозете над неговите рамена. Ваквата положба го стеснува вагиналниот канал и тој веднаш ќе се почувствува поголем и помоќен внатре во вас.
6. Лубрикантот може да ја елиминира болката и да го зголеми уживањето
Лубрикантот не е само за возрасните жени кои влегле во менопауза. Ако пенетрацијата ви предизвикува болка, тогаш не се двоумете дали да употребите лубрикант, затоа што тој ја зголемува влажноста на вагината и создава сензуално искуство и за вас, и за партнерот.
7. Желбата за секс зависи од фазата од менструалниот циклус во која се наоѓате
Најголем дел од жените доживуваат зголемување на желбата за секс во периодот околу фазата на овулација (околу 14-тиот ден по започнувањето на менструалното крварење). Природата со тоа нè поттикнува да посакуваме повеќе секс во периодот кога е најголема веројатноста да забремениме. Не заборавајте да користите заштита ако не сте подготвени да станете мајка.
8. Кратко, а слатко: вообичаено сексот трае помалку од десет минути
Во реалноста сексот не е целовечерен маратон, како што понекогаш сакаат да ни прикажат филмовите. Не треба да негувате идеи дека нешто не е во ред со вашиот љубовен живот ако вашиот партнер не успева секогаш да ве истошти. Всушност, истражувањата покажуваат дека најпосакуваниот секс трае 7-13 минути.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.