Средбата на претседателот Стево Пендаровски со францускиот колега Емануел Макрон ќе се одржи на 12 ноември, кога Пендаровски ќе учествува на Парискиот мировен форум.
Претседателот Пендаровски во изјава за медиумите рече дека се прават напори да се добие средба на што е можно повисоко ниво во Француската Република. Истакна дека дипломатијата продолжува со евроинтеграциите и дека фокусот е Франција.
-Правиме усилби практично од првиот ден, практично веднаш по последниот бриселски самит на ЕУ да добиеме средба на што е можно повисоко ниво во Француската Република и директно со претседателот Макрон и со луѓето околу него што точно побаруваат од нас и да ја надминеме таа крајно непријатна ситуација, рече Пендаровски.
Но истовремено вчера за медиумите премиерот Зоран Заев истакна дека веќе четири месеци се обидува да добие прием и да оствари средба со Макрон но безуспешно.
Од тука се поставува прашањето зошто Францускиот претседател, кој беше оној кој кажа НЕ за датум за отпочнување за преговори на Македонија со ЕУ, нашол време за средба со претседателот Пендаровски а и по 4 месеци обиди не го прими Заев, никој не,сака фото сесии со премиер во заминување… Сепак Заев е среќен што претседателот на државата ќе оствари средба со неговиот француски колега, па истакна дека во иднина очекува и тој да ја има таа моќност.
– Се надевам дека во иднина и јас ќе имам таа можност. Јас сум среќен што претседателот ќе се види и знаете дека некои три-четири месеци барав и јас средба, веројатно и претседателот Пендаровски барал средба со претседателот Макрон, но сум среќен што првиот претставник на нашата држава ќе оствари средба која може да биде само од помош, потенцира Заев.
Премиерот Зоран Заев вчера ја поздрави најавената средба на претседателот Стево Пендаровски со неговиот француски колега Емаунел Макрон и изјави дека таа може да биде само од помош.
– Среќен сум што конечно наш висок претставник, а тоа е првиот човек на државата, претседателот Пендаровски ќе може да се види со првиот човек на пријателска Франција. Тоа за нас секако е можност уште еднаш да се разговара за сите аргументи на светот што постојат на наша страна, за претседателот Макрон уште еднаш да ги разгледа ситуациите во духот на паралелениот процес на нови методологии за да се одвива самиот процес затоа што е важно и тоа не е важно само за Република Северна Македонија, само за Западен Балкан, важно е за Европа. Важно е навистина за целиот европски континент, за ЕУ е многу важно. Верувам дека ќе биде одлична можност да ги претставиме нашите ставови нашите аргументи по ова прашање, изјави премиерот Заев одговорајќи на новинарско прашање по тркалезната маса во Собранието за промена на изборниот модел.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.